
|
Габриеле Чрез Габриеле, пророчицата и гласничка Божи, настана едно духовно дело, Универсален живот, с единствена величина и разширено широм по света
|
|
Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, им приоѓа на своите солуѓе како сестра меѓу браќа и сестри, без да се истакнува себеси. По правило, за првпат луѓето доаѓаат во контакт со пророчицата Божја преку книги и други пишани текстови, преку објави, или преку радиоемисии на различни теми, што се пренесуваат преку Габриеле. Многу луѓе беа допрени од она што се даваше директно од Божјиот Дух преку Габриеле, или од она што беше од неа напишано или изговорено, и беа поттикнати поблизу да се позанимаваат со во нив содржаната божествена порака и вистина. Сепак, само сосема малку луѓе, исто така, и во нејзиното непосредно опкружување, се свесни за тоа каков силен опфат добило во меѓувреме духовното дело, Универзален живот, коешто е дојдено на Земјава преку неа, од нејзиното повикување за Божја пророчица пред повеќе од 20 години. Духот Божји се објави преку неа во илјадници, делумно и над двочасовни, објави во јавноста. Илјадници часови Габриеле поучуваше и школуваше во школувањата на Внатрешниот пат и во Средбите на сите боготрагачи - Космичката животна школа. Таа им даде обележје на илјадници едночасовни Радиоемисии. Габриеле напиша над 50 книги, а пред сите нив објавителското дело со повеќе од 1000 страници “Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега - Евангелие Исусово - Христова објава, која веќе ја познаваат вистинските христијани во целиот свет” и Големите космички учења на Исус од Назарет до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат со 5 книги објасувања, како и објавителското дело за Внатрешниот пат, кое опфаќа 1392 страници. Секоја година Габриеле пишува нови книги. Листата на пишани работи од Габриеле може да се продолжи по волја. Во правилни растојанија излегува брошурата “Пророк”. Таму пророкот - Габриеле - го изнесува ставот за битните прашања на нашето време. Не само опфатноста на духовното дело, туку и неговата содржина со својата длабочина и совршеноста на опфатното учење на Христос Божји, се единствени во познатата историја на човештвото. Во ова може лесно да се увери самиот секој човек кој искрено бара. Ова достигнување не може да се објасни со тоа дека кај Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, се работи за човек со единствена генијалност; само еден гениј не би имал капацитет да црпи едно дело со ваков опфат и со ваков квалитет во толку кратко време од близу 20 години – и тоа, така да се рече, како споредно занимање, покрај многуте други задачи што треба секојдневно да се извршат. |
![]()
Universelles
Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006
Würzburg, Germany
телефонен номер в Германия: (+49)
931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233 и
в Македония: Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје,
Република Македонија
телефонен номер в
Македония: +389/2/3111-043
email:
info@universelles-leben.org
[an error occurred while processing this directive]