Книги за подобар живот

 

Беседа на Гората
Ако сакаме да ја најдеме суштината на Исусовите поуки, тогаш би требало да посегнеме кон „Беседата на Гората". Во оваа книшка, која е само извадок од целокупното издание „Ова е Мојата Реч.Алфа и Омега. Евангелие Исусово. Христова објава којашто ја познаваат само вистинските христијани" ги добиваме толкувањата и објаснувањата кои ни овозможуваат примена на „Беседата на Гората" во нашиот секојдневен живот. На пример: Живеј спрема своето спознание - Прости и моли за прошка - Научи исправно да молиш - Оствари ги своите молитви - Во негативното најди го позитивното - Врати се во својата внатрешност - Дај го прво самиот тоа што го очекуваш од ближниот - и т.н. Подарок за секој кој сака да ја сфати длабоката содржина на Беседата на Гората, а , исто така, и да ја живее. „Беседа на Гората е Внатрешниот пат кон срцето Божјо, кој води до совршенство" - Христос.
Македонски јазик, 110 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Десетте Божји Заповеди
Оваа книга ги опфаќа ширината и длабочината на Десетте Заповеди. Истовремено се покажува како прахристијаните во Универзален живот, Христовите пријатели, се повеќе се обидуваат конкретно да ги остварат Десетте Заповеди во секојдневните ситуации. Десетте Заповеди ни помагаат да изградиме еден позитивен животен програм со тоа што ни нуди конкретни животни упатства.
Македонски јазик, 80 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Лечење со силата на позитивното мислење
Оваа книшка дава основно духовно знаење во однос на силата на позитивното мислење и на суштината на болеста и здравјето од духовен аспект.Во неа концизно, но сеопфатно се прикажани меѓузависностите помеѓу телото, душата и Духот, се укажува на чекорите и можностите за тоа како може да настапи излекување со помош на позитивното мислење и живеење и ни објаснува дека можеме сами да изградиме комуникација со позитивните , несебични, божествени сили. Од содржината: Она што го испраќаме ќе го примиме - самоспознавањето како претпоставка за лечење.
Македонски јазик, 40 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Живеј го мигот и ти се гледаш и препознаваш себе
Сега!... Овој миг се покажува нашата состојба на душата. Таа се изразува во нашите чувства, мисли, зборови и постапки во мигот. Оваа книга не прави осетливи да внимаваме на тие сигнали. Како? Тоа подробно ни го покажува оваа книга.Така можеме да го земеме нашиот живот во свои раце и да го усовршиме, оти Божјата љубов и милост се во секој миг со нас.
Македонски јазик, 88 стр.
(за нарачка кликни овде).

 

Лиобани: Јас раскажувам - слушаш ли?
Една нова книга со бајки за деца? Не! Никаква бајка, а ниту расказ. Туку Вистина! Вистина од вечната Вистина. Раскажана од едно ангелско битие.“ “Ангелот Господов рече...”.Не го познаваме ли сите ние овој исказ? И овде, исто така, еден ангел Господов ни говори нам. Тој ни говори преку еден човек, пророчицата Божја на нашето време, преку која Господ му даруваше и му дарува на денешното човештво објави од Божјиот Дух во едно обилие што ретко се дава.“ Оваа гласничка Божја е таа која го прими тоа што ангелското битие Лиобани од светлосното Божјо Царство сака да им го каже на сите деца, но и на сите возрасни.“ Навистина една необична книга!“ Таа пробудува во човекот едно знаење, коешто дреме во неговата душа од правечни времиња.“ Лиобани со зборови исполнети со љубов и со чувствителност ни кажува како повторно да влеземе во еден свесен живот во и со Бога. Во еден живот насочен кон Бога, којшто го преобразува нашето секојдневие и прави да станеме среќни, полни со мир и внатрешно исполнети луѓе.“ Не е ли ова, драги читатели, и ваша цел?“ 
Македонски јазик. 116 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Христос открива: Демонската држава - нејзините сојузници и жртви
Оваа мала книга содржи една потресна (возбудлива) информација. Таа ја разоткрива темелната стратегија на демонските сили во нивното настојување на суптилен начин да ги контролираат и манипулираат луѓето и нациите на оваа планета. Оваа стратегија значи: Земи го темелот - т.е. божествените принципи (начела) - и преврти ги во нивна спротивност.
Македонски јазик, 84 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Ова е Мојата Реч. Алфа и Омега. Евангелие Исусово. Христова објава којашто ја познаваат само вистинските христијани.
Дали со задоволство би Го сретнале Исус од Назарет? Неговото учење и Неговиот живот се восхитувачки, а сепак во текстовите кои дошле до нас честопати не наоѓаме одговори на многу прашања. Ова дело донесува многу до сега непознати аспекти за Исус од Назарет кој со двете нозе стоел на земјата, а сепак ги остварувал Божјите Заповеди во сите подрачја на практичниот живот, за пример на луѓето од Неговото време и за луѓето на денешницата.Неговото учење се покажува како единствена можност луѓето да постигнат мир, надеж и излекување. Во оваа книга ги сознаваме божествените законитости, како само Бог може да ги објави. Тоа е еден надмоќен севкупен увид на она што било, што е и она што ќе биде.
Достапна и на македонски јазик (за информации за нарачка кликни овде), тврд повез, 1008 стр.(за нарачка кликни овде).

 

Внатрешен пат во Универзален живот - прв курс за прахристијанско отворање и проширување на свеста
Внатрешниот пат започнува со првиот курс на прахристијанско отворање и проширување на свеста за патот внатре кон божественото сопство, што трае 6 месеци. Тој содржи 12 текстови на освестување и вдлабочување, за проширување и стабилизирање на свеста. Овде се учиме своите чувства, мисли и постапки се повеќе да ги насочуваме кон Бога и Христос. Човекот и душата веќе се насочуваат, значи, кон една висока цел. Дванаесетте текстови за отворање на свеста се високовибрирачки зборови од Божјиот Дух. Внатрешната сила на овие текстови може во нас да стане делотворна во онаа мерка, во која ние се отвораме за неа. Така, душата и човекот се подготвуваат за натамошно школување.
Број на нарачка Ѕ122mk. Македонски јазик, 150 стр.(за нарачка кликни овде). Бесплатно - Download на книгата како PDF овде

 

Внатрешен пат во Универзален живот - втор курс за прахристијанско отворање и проширување на свеста
После првиот курс следува вториот курс - 12 текстови од Божјиот Дух за подготовка на душата за духовната сила, а тоа значи божествените сили во нас повторно да ги доведеме до засилено дејствување, заради оздравување на душата и човекот. Се учиме да ги ословуваме центрите на свеста во нас и преку нив секој орган, дури и секоја клетка на нашето тело и свесно да управуваме со високите светлосни сили. 
Македонски јазик, 160 стр. (кликни овде линк). (за нарачка кликни овде). Бесплатно - Download на книгата како PDF овде

 

 Внатрешен пат во Универзален живот - степен Ред
Задача на душата во земно руво е да се облагороди, како би се приближила до својата цел - божественоста. На степенот на редот важи: Доведи ги во ред своите мисли. Зауздај го својот говор. Профини ги своите сетила. Ние, исто така, го чистиме и своето минато, за јасно и свесно да завладееме со она што нам секојдневно ни приоѓа. Преку самоспознавањето стануваме послободни. Колку повеќе го совладуваме своето човечко јас, толку е поголема силата на љубовта во нас, ние зрачиме и блескаме посилно и стануваме се повеќе несебични.
Македонски јазик, 296 стр.(за нарачка кликни овде).
Бесплатно - Download на книгата како PDF овде

 

Големите космички учења на Исус од Назарет упатени до Неговите апостоли и ученици кои тоа можеа да го сфатат. Живот на луѓето вистински исполнети со Бога.
Исус од Назарет постојано собирал околу себе поединци од Своите апостоли и ученици и ги упатувал во големите космички врски, во вечниот Закон.Овие учења кои не се никогаш запишани, Христос ги објавил сега по прв пат во нашето време на духовен пресврт, за сите луѓе кои го бараат Бога. Читателот кој е во состојба да го отвори своето срце, ќе осети што се случува низ ова учење: Христос не допира и во нашата душа се буди сеќавањето на еден поинаков живот, живот на небесата.
Македонски јазик, тврд повез, 256 стр.(за нарачка кликни овде).
Бесплатно - Download на книгата како PDF овде

 

Како да се нарача?
Нарачките ги примаме и по пошта на адреса:


„Универзален живот", 
пошт.фах 892, 1000 Скопје, 
Република Македонија 

Плаќање на нарачаните материјали:
Нарачаните книги ќе бидат пратени во најкраток можен рок. Можете да платите кога ќе ги добиете книгите со уплатница во која се вклучени трошоците за поштарина и уплатницата со нашата жиро-сметка: 

Универзален живот - Скопје 
жиро сметка: 200000018401377 
даночен број: 4030998348375

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]