Пораката од Создателот 

 

Габриеле, пророчицата 
и гласничка Божја во ова време, 
ја прими од БОГА, Вечниот, на 
27.2.2001 година следнава порака, 
која, со ова,им ја пренесува на 
своите солуѓе:

 

Создателот:

Јас Сум Бог Аврамов, Бог Исаков и Бог на Јакова. Јас Сум Бог на сите вистински пророци. 

Јас, БОГ, Семоќниот, го кревам Мојот глас преку Мојата пророчица и гласничка, и го упатувам до човештвото. 

Престанете да ги јадете вашите состворови, кои се ваши животински браќа и сестри! 

Престанете да ги мачите нив преку експерименти со животни и преку одземање на слободата, така што ги држите во штали кои се недостојни за животните. Животните ја сакаат слободата, исто како и вие луѓето. 

Престанете да ги убивате најмалите животинки, животот на почвата, со вештачки ѓубриња, исто така со гној од измет, и слично! 

Престанете да ги сечете и палите шумите, и да им го одземате животниот простор на животните во шумите и полјаните. Вратете им го нивниот животен простор, шумите, полињата и ливадите; во спротивно, вашата судбина, која што самите си ја наметнавте себеси, ќе ви ги одземе вашата куќа и двор, и вашите извори на храна, преку катастрофи ширум светот, кои што вие самите ги создадовте преку вашето постапување против животот, против царствата на природата, вклучително и против животните. 

Ако луѓето одново ги фрлат Моите зборови во ветер, тогаш за нив ќе настане бура, светска судбина, којашто ќе однесе стотини илјади луѓе, како прво, преку светски катастрофи, како второ, преку болести, кои како епидемии ќе се прекршат врз оние кои преку своето оддалечување од секаква духовна етика и морал нив им ги наметнале на животните, врз оние, кои во сегашново време спалуваат илјадници животни. Кој нема да се преобрати, него ќе го снајде слично. 

Мојата Реч е изговорена. Светската апокалипса е во тек. Кој не сака да слуша, тој во сè пократки растојанија ќе ги осети последиците од причините што самиот си ги создал. Земјата со нејзините растенија, животни и минерали, Јас ја издигнав кон Мене. Кој и натаму положува рака врз мајката Земја со сите нејзини животни форми, тој ќе ги осети последиците. Престанете да мачите, да убивате и да усмртувате! 

Престанете, вие луѓе, со вашето ѕверско однесување, коешто ве погодува исклучиво вас, а не некое друго битие; оти, што му правите на најмалиот од вашите состворови, тоа Ми го правите Мене и си го правите себеси. 

Е па, доста е! Преобратете се; инаку жетвата, која е ваша сеидба, продолжува. 

ЈАС СУМ, кој СУМ, секогаш истиот, вчера, денес и утре, во целата вечност.

Пораката од Создателот до човештвото може да се чуе во оригинален тон ширум светот секоја недела од 19:45 часот на средни бранови 1323, 1386 и 1215.

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]