Светилникот на временската пресвртница

 

Многу луѓе веруваат во Бога, па дури и во еден Бог кој љуби. Сепак, тие поаѓаат од тоа дека тој Бог е прилично далеку и дека непосредна комуникација со Него не е можна. 

Претставата дека Бог живее во секого од нас е многукратно загубена; исто така и верата дека Бог би можел да им говори на луѓето преку пророчка уста, иако ова ни е мошне близу: Може ли, од една страна, да се верува во еден Бог кој љуби, а, од друга страна, да се поаѓа од тоа дека Тој молчи? 

Секогаш повторно Тој испраќаше мистичари, видовити и пророци на оваа Земја, кои се чистеа себеси и стануваа пропустливи за духовно-божествениот свет; кои во своето внатрешно ја примаа божествената Реч и можеа, според нивното повикување, да ја изговараат. Така беше кај големите пророци на таканаречениот Стар завет, кои Бог ги повика како Свои гласноговорници – најчесто под потресни околности: Исаија имаше визија за Божјата величественост која надвладува: “Свет, свет, свет е Господарот на стадата. Со Неговата прекрасност исполнета е целата Земја.” Пророкот Амос беше одведен од своето стадо говеда и Божјиот повик го доживеа како заплашувачко вмешување. “Рика лавот, кој не се плаши. Бог, Господ, говори – кој не станува тука пророк.” Јеремија го доживеа повикот во младо доба и се брани приговарајќи дека е уште премлад и не би можел да говори. Меѓутоа, во поглед на својот божествен налог, неговото приговарање не важи. 

Потоа дојде Исус од Назарет, најголемиот пророк на сите времиња. Во Него човечки облик доби првовидениот Син Божји и Со-владетел на Небесата. Тој не беше дојден за да умре, туку за да го води човештвото во Божјото царство што претстои, за кое зборуваа пророците од пред 1500 години. Пред сè, Исаија, како огласувач на Месијата кој доаѓа и на Неговото Царство на мирот. 

Пророци гонети како еретици 

Нешто неверојатно се отсликува: Падот, отклонувањето од Бога, кое се случи во духовниот свет уште пред настанувањето на земниот живот, би требало да се поврати назад, да се изврши долгонајавуваниот пресврт. Секогаш повторно Исус обзнанува за ова ново царство. Со тоа Тој не мисли на едно надворешно владеење, туку на внатрешна промена преку остварувањето на заповедта на љубов спрема Бога и ближните. 

Но, тоа беше премногу опасно за тогашниот свештенички сталеж. Тој направи да Го распнат на крст Месијата, наводно заради хулење на Бога. А кога потоа настана едно светско движење со име христијанство, една насилничка Црква го приграби учењето на Назаретќанецот и го унакази до непрепознатливост: од љубов спрема ближниот стана омраза спрема еретици, од Бога кој љуби, еден бог кој проколнува, од царство на внатрешното, за кое говореше Исус, еден светски концерн на моќ – и тоа 2000 години. А светот стигна до работ на бездната, на којшто стоиме денес. 

А Исус од Назарет веќе имаше објавено: “Имам уште многу да ви кажам, но тоа сега не можете да го носите; но, кога ќе дојде оној, Духот на вистината, ќе ве води во целата вистина.” Многу христијани го знаат ова место од евангелието по Јован, меѓутоа не го препознаваат неговото значење и така си го затвораат погледот за големото збиднување во нашиве денови: дека Бог им испрати одново на луѓето едно високо духовно битие, кое се инкарнира во една жена со земско име Габриеле, која ја направи возможна непосредната комуникација со духовно-божествениот свет. Како дојде до тоа? 

Земена “во служба” од Бога 

Еден пророк не паѓа од небо и не одлучува еден ден да настапи како гласноговорник на Бог. Тој не студира ниту филозофски, езотерични или теолошки списи, за да натрупа знаење, коешто потоа се обидува да го дава понатаму. Исто толку малку тој допушта да му се дошепнува од страна на човечки помошници за да се развие еден “религиозен концепт” со помош на туѓо знаење. За него како инструмент Божји, беше направено така што да биде оневозможено сето тоа – имено насочување кон човечко знаење, како и одлука “да се стане пророк” што би дошла од свое самоволие. Непосредната комуникација на човековата душа со божествената духовна искра што живее во неа, која станува Внатрешна реч, не може да се постигне насила. Таа претпоставува постоење на понизна подготвеност на очистениот човек. А ако Внатрешната реч треба да стане Пророчка реч, мора да дојде божественото повикување. Пробивот на Божјото во човековата душа и во животот на повиканиот доаѓа надмоќно и не му допушта избор на Божјиот избраник. Семоќниот го “зема во служба” и преку некое страдање го подготвува за неговата задача. Човечките желби и врски се пресечуваат за да стане човекот чист инструмент, преку кого Бог може да говори. 

Создателот не молчи! 

Сето тоа ù се случи и на Габриеле. Кога пред 25 години таа го прими првпат светлосниот говор на Духот во своето внатрешно, нејзе не ù врвеше поинаку одошто на големите пророци пред неа. Таа известува: “Јас се исплашив и сакав да ја прекинам внатрешната струја. Тогаш дојдоа зборовите полни со љубов: Не плаши се. Јас те придружувам за време на целиот твој земски живот. Ти стоеше секогаш во Мојата заштита. Оти, ти си излезена за да ја примаш Мојата реч и да му ја пренесуваш на светот.” За четврт век таа стана најголемиот пророк по Исуса од Назарет. Преку неа настанаа моќно објавителско дело и прахристијанско движење ширум светот. Безброј пати Божјиот Дух говореше преку нејзиниот глас на јавни приредби, при што внатрешната светлосна струја таа ја преведуваше во човечки зборови. Безброј пати Бог ù говореше неа во тишината на нејзиното срце, наложувајќи ù чуеното во своето внатрешно да му го пренесе на човештвото. А така се случи тоа одново на 27. февруари 2001 година во една потресна опомена од Создателовиот Дух до човештвото.

Дали сме навистина свесни што значи тоа и што се одигрува веќе повеќе од 20 години? Бог, Духот-Творец, и Христос, кој како Исус од Назарет одеше преку оваа Земја и стана наш Откупител, им говорат на луѓето. Едни можеби мораат да внимаваат да не се навикнат на ова големо збиднување, кое ја надминува нашата човечка способност за сфаќање, и не се веќе дури воопшто свесни за неговата величина. Други можеби мораат да внимаваат да не се отклонат предвреме и лекоумно да речат: Којзнае дали тука навистина говори Бог – јас ќе си одам по мој пат. Така реагираа и современиците на Исуса од Назарет; така се реагираше и наспроти големите пророци пред Него; така реагираа луѓето наспроти мистичарите и пророчките луѓе по Него. Нивниот изговор наспроти оние повиканите од Бога во земната пустелија секогаш гласеше: Овој не може да биде Тој; вака не може да биде тоа; сега тоа не може да биде… може ли, односно смее ли, тоа воопшто да биде? Притоа се работи за егзистенцијална одлука: Кој Го слуша Бога кој говори и Неговата порака ја остварува во секојдневието, тој може да добие сè што и е потребно на неговата душа за да се врати во вечната татковина. Кој го слуша Бога кој говори, а продолжува и натаму по старо, тој е во опасност да загуби сè… 

Да станеме свесни, значи, за тоа што Бог го огласуваше некогаш и го огласува сега преку пророчка уста, за да се одлучиме дали ќе продолжиме како досега и ќе сакаме да правиме како да не сме чуле ништо, или ќе допуштиме да нè погоди пророчката порака и ќе го промениме својот живот. 

Старото си заминува, новото настанува 

Веќе кај Исаија стануваше збор за една порака, којашто содржеше три нешта: опомена, најава на голема несреќа и ветување на голема среќа. Опомената: Откачете се од палени жртви и колени жртви, престанете лошото да го нарекувате добро, а доброто лошо, мракот да го прикажувате како светлина, а светлината како мрак. Најавата на несреќата: Злобата и безбожноста на луѓето ќе доведе до големи несреќи – до воени пресметки и природни катастрофи. Преку пророкот Исаија уште пред 2700 години Бог му ги најави на човештвото денешните еколошки катастрофи: “Земјата ќе биде празна и опустошена…, земјата сува и исцрпена, Земјиниот дух испиен и свенат…, Земјата оттргната од нејзините жители, оти тие го изгазија Законот и ги изменија Заповедите и го прекршија вечниот завет.” Пророчкиот зрак што се пробива, односно законот на причина и последица, се однесува и на “Вавил, најубавото меѓу царствата”. Тој ќе биде разорен, како што се вели, како Содома и Гомора. Овде веќе заѕвонува она што се појавува 800 години подоцна во Јовановото откровение: Блудницата Вавилон, библискиот симбол за еден понадворешнет религиски култ, е упатена кон пропаст: значи, оние институции кои со сјај и раскош, со магиски ритуали и крути догми се поставија меѓу Бога и луѓето и неморално се бореа за моќ на оваа Земја. Јован од Патмос е уште појасен во својата апокалипса одошто Исаија: “Излезете од неа, мој народе, за да не учествувате во нејзините гревови и да не примите ништо од нејзините маки.” Меѓутоа, назад кај Исаија и третиот дел од неговата порака, ветувањето: таа опфаќа, пред сè, раѓање на едно момченце, кое ќе стане Откупител на човештвото. А потоа враќање на Христос-Духот во Царството на мирот што настанува, во кое мечовите ќе станат плугови, во кое волците ќе живеат покрај јагнињата, а пантерите покрај јарињата, во кое мало дете ќе чува телиња и млади лавови, во кое заедно ќе пасат крави и мечки и во кое доенче ќе си игра крај змиска дупка… 

Без никаков култ и без заклани жртви 

Еден друг голем пророк пред Исуса од Назарет беше Јеремија. И тој, со ударниот збор “Вавил” предупредуваше за понадворешнетиот религиски култ; и тој, исто така, се изјаснува против палена жртва и заклана жртва. Јеремија му “одржа лекција” на свештеничкиот сталеж од неговото време. Тој го повика народот да се преобрати, а не да ги слуша лажните зборови кога некој ќе му рече: “Овде е храмот господов.” Тој им викаше на своите современици: “Подобрете го својот живот и своето постапување. Не применувајте насилство кон туѓинци.” За свештениците тоа беше премногу. Тие бараа негова смрт. Пред да умре, веројатно преку каменување, Јеремија најави голема тага, војна и природни катастрофи. Но, и преку Јеремија Бог објави за вечниот завет, во кој Тој нема да се одврати од Својот народ. Ќе се купуваат повторно полиња во оваа земја, за која се вели дека е пустина, и најпосле: ” Јас ќе го ставам Мојот закон во неа и ќе го запишам во нејзиното срце. Јас ќе бидам нивен Бог, а тие ќе бидат Мој народ.” 

Духовни причини на вандализмот 

500 години подоцна на оваа Земја се појави Исус од Назарет. Неговата порака делумно може уште да се најде во официјалната Библија: Беседата на Гората, опомената да не се задоволуваме со надворешна вера – царството Божјо е внатре во вас, поучуваше Тој; не верата, туку делото е одлучувачко; Тој сакаше да го донесе на Земјава Неговото Царство на мирот, доколку го прифатеа луѓето. И Тој, исто така, предупредуваше за последиците од безбожноста. Тој прорече војни и природни катастрофи, земјотреси, па дури и потреси на нашиот Сончев систем. Имаше ли Тој во вид променет наклон на Земјината оска, или удари на метеорити, или изместување на Земјин пол? Последниов, како што е познато, веќе долго време се поместува, т.е. забавува. Но, низ сета тага, а, пред сè, кај Исуса од Назарет, свети и пораката дека царството Божјо е близу, духовното враќање на Христос Божји, кој ќе владее над Своето Царство на мирот. 

Во 5. век, со неверојатна дрскост Црквата објави дека тоа Царство на мирот е веќе дојдено, преку неа. “Вавил” говореше повторно, и во следните столетија им доведе на луѓето пред очи на какво Божјо царство мислеше црковниот Вавилон: еден тоталитарен режим, најголемиот во историјата, во кого преку инквизицијата се проколнуваше и мачеше, во верски војни се поробуваше и убиваше, во мисионерски фанатизам се колеа цели племиња и народи – милиони луѓе. 

А животните се сметаат како суштества без душа, во извесна мера како биомаса за секаква намена на христијанскиот човек-господар. Дека Исус од Назарет, учителот на мирољубивоста, поучуваше и за мирољубиво однесување спрема животните, тоа остана скриено во апокрифните списи коишто не беа земени во официјалниот канон на Библијата. Напротив, Павле напиша дека треба да се јаде сè што е месо и да се нема грижа на совеста за тоа. Во ова лежат духовните причини за вандализмот спрема животните, со којшто сме соочени денес – во шталите за масовно чување на животни, во собите за мачење при експериментите над животни и при насилната масовна продукција на животни преку вештачко осеменување. Човекот се отклонил од божествениот ред, се исклучил од космичкиот потенцијал на животот и создал свој сопствен круг на причина и последица, којшто се врти сè побрзо. 

И среде ова време Бог говори одново преку пророчка уста – од пред 25 години. Многу од она што денес стои како светилник пред нашите очи - животински зарази и труење на нашите животни намирници – беше најавено во Христовите објави уште пред многу години. Се говореше и за тоа дека Земјата лежи во грозница од зараза и болест, којашто се шири од југ кон север. А се зборуваше, секогаш повторно, и за однесувањето на човекот спрема животните: “По 2000 години животните уште висат на гредите во кланиците, слично како што висев Јас како Исус од Назарет. По 2000 години на животните им се раскинуваат телата, им се расцепкуваат и се приготвуваат за непцата на таканаречените христијани. Зарем не знаете дека без вашето божествено наследство, во кое припаѓаат и природните царства, вие не можете да живеете? Не знаете ли дека човекот и природата треба да сочинуваат единство? Онака како што во Небото духовните битија сочинуваат единство со бесконечноста, со чистата природа, така би требало човекот да стане единство и да сочинува единство.” 

Кладите повторно горат 

Кој ги следел овие опомени? А кладите горат и понатаму во Европа. Овојпат се спалуваат животни. Милиони овци, свињи и говеда се претвораат во чад. Колењето животни од страна на современиот човек води самото до апсурд: Досега се усмртуваа животните за да бидат изедени; во последниве денови во Англија беа убиени 250.000 животни, не за да бидат изедени, а ниту затоа што се болни, туку затоа што би можеле да се разболат; а во Германија се елиминираат до 400.000 говеда како отпад, за да се одржи цената на говедското месо. Може ли човештвото да потоне уште подлабоко? 

Тоа е заднината на пророчката порака од 27.2.2001 година. Вечниот Бог го предупреди човештвото и, пред сè, му разјасни уште еднаш кој му говори: “Јас Сум Бог на Аврама, Бог на Исака и Бог на Јакова. Јас Сум Богот на сите вистински пророци.” Ја осетуваме ли моќта што стои зад овие зборови? А од оваа Божја моќ доаѓа повикот: “Престанете да ги јадете вашите со-створенија, кои се ваши животински браќа и сестри! Престанете да ги мачите преку експерименти над животни и одземање на слободата, така што ги чувате во штали што се недостојни за животните!” 

Не ни запира ли тука здивот? Бог, Создателот, бара од нас да престанеме со варварството, да прекинеме со масовното убиство на животните… И Тој бара од нас понатаму: “Престанете да ги сечете, да ги палите шумите и да им го одземате животниот простор на животните во шума и полјана. Вратете им го нивниот животен простор, шумите, полињата и ливадите…” 

А потоа доаѓа опомената: “Ако луѓето ги фрлат Моите зборови повторно во ветер, тогаш тој ќе стане за нив бура, светска судбина, и ќе одвее луѓе на стотици илјади - како прво, преку катастрофи ширум светот, како второ, преку болести што слично на епидемии ќе избувнат кај нив, а коишто тие, преку своето отклонување од секаква духовна етика и морал, им ги наметнале на животните, кои сега се спалуваат со илјадници. Кој нема да се преобрати, тој ќе си помине слично.” 

На крајот, вистински удар на чекан од божествената сериозност: “Мојата реч е изговорена. Светската апокалипса е во тек.” Бог го потврдува она што многу луѓе го наслутуваа врз основа на поранешните објави: дека човештвото ја преполни чашата и дека оваа цивилизација веќе не може да се спаси. После оваа Божја објава нема ништо веќе да биде како порано: нема веќе место за тоа нешто да се прогласи за нештетно, со зборовите: па нема белким да биде толку лошо… Очигледно, ќе биде многу лошо. По оваа Божја објава, во секој случај, станува збор уште за опфатноста на претстојните катастрофи. Тој не зависи само од тоа како се однесуваат одговорните во државата и општеството; одвивањето на апокалипсата и тоа колку таа ќе го погоди поединецот, го одредува секој самиот преку својот сопствен начин на живот. Да не се јаде веќе месо, тоа е надворешен чекор. 

Еволуција преку мирољубивост 

Сепак, се работи за повеќе од тоа: за нов став спрема природата и спрема животните, за едно вегетаријанство кое не настанува само заради стравот од кравјото лудило, туку од почитување и љубов спрема нашите животински браќа и сестри. Како се однесувам јас спрема кучињата, спрема мачките кои секојдневно ги среќавам? Што ме поврзува со растенијата и животните во градината и во слободната природа? Мирољубивоста спрема животните е можна само ако ние станеме мирољубиви и меѓу себе. Само тогаш е можно да се направи еволицискиот скок, којшто претстои во оваа пресвртница на времиња и за кого нè повикува Богот Аврамов, Исаков и Јаковов: да се пронајде мирот и единството меѓусебе и со природата. Оти, сега е времето во кое настанува Царството на мирот, коешто е најавено уште од Исаија. Првите почетоци веќе се прават, преку една група на луѓе, кои се здружиле за да стекнат полиња и шуми, на кои ќе можат луѓе и животни мирољубиво заеднички да живеат, на кои се спроведува мирољубило земјоделство, при кое ниту едно животно не се коле, а даровите од природата се даваат понатаму чисти и нефалсификувани како здрави прехранбени намирници. А преку ова, се работи за тоа, на своето работно место, во кругот на своите пријатели и во своето семејство секој да го прави сериозно она на кое одново повика Богот на сите пророци – мир меѓу луѓето и мир со природата. 

(Овој текст излезе во списанието “Царство на мирот” бр. 5 од 2001 год. Поблиски информации за него ќе најдете под www.das-friedensreich.de или нарачајте бесплатен пробен примерок на германски јазик.)

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]