Походот на змијата и 
дејствувањето на гулабот 

Божјото пророштво во пресвртот на времињата 

Извадоци од еден напис во весникот Die Welt 
од 17.4.1999 год. од Gerhard Gesier 

Gabriele Wittek, пророчицата и гласничка Божја 
Верската заедница Универзален живот / Дело на Исус Христос за водење дома 

 

За нови религиозни движења известуваат најчесто ополномоштениците за секти на големите Цркви и таканаречените “отпадници”. Тие практично владеат со литерарниот пазар. Тоа е проблем. Оти, кој сака да дознае нешто, на пр., за Римокатоличката црква, тој сигурно нема да се распраша кај некоја од протестантските Цркви, или кај Еврејската заедница, туку ќе му се обрати на католички свештеник. Религиската заедница Универзален живот / Дело на Исуса Христа за водење дома (УЖ), во лутеранскиот прирачник “Религиски заедници” е рангирано под “езотериски и неогностички погледи на свет и движења” – прилично далеку долу во хиерархијата на религиите што се наведени таму. 

Кој сака да прочита нешто автентично за оваа религиска заедница, сега може да ја земе книгата од некогашниот врвен минхенски адвокат Christian Sailer. Овој правник опишува на 26 страници како станал член на јадрото на заедницата Универзален живот. Преку потсмешливиот текст во едно списание, произлезен од незнаење, со кој му беше на Sailer свртено вниманието кон Универзален живот, во 1987 год. тој ги нарачал брошурите на оваа заедница. Таму, во еден вид синтеза, тој го пронајде она што му беше останало без внатрешна поврзаност при неговото теолошко, филозофско, мистичко и езотерично студирање. Најпрвин тој одвај се одважи да верува во ова: “Што би се случило, всушност…, кога меѓу нас би живеел еден вистински пророк, кој би го раскинал привидението од неразбирливи догми и сомнителни библиски интерпретации на една скоро 2000-годишна црковна историја и би дал поглед во вечната вистина – непосредно преку Божја објава и неискривоколчено од папски енциклики и концилски заклучоци, кои најчесто помалку служеа за потрагата по Бога, а многу повеќе за политички интереси?” Тој го пронајде она кое го бараше навистина многу долго. Тоа беше Gabriele Wittek, “пророчицата од Вирцбург”, една наполно нормално активна жена… во средни години…, но која зрачеше нешто посебно, кое јас не можев да го дефинирам.” Колебајќи се меѓу уште несовладаната скепса и радосната надеж, Sailer го слуша она што го кажуваше жената. Во него растеше сигурноста дека “веројатно така би говорел” Христос, кога би им зборувал на луѓето денес. Среќавањето во просторот за собирање на заедницата Универзален живот го измени животот на Sailer. Откако тој се увери дека преку Габриеле говори “Божјиот Дух”, тој ја прекина својата “трескавична потрага по надворешна среќа” и му се оддаде на “Внатрешниот пат”, што беше и за него објавен. 

Меѓутоа, со своите пријатели од практичната активност во “прахристијанската” заедница (блага медицина и природно лечење, еколошко одгледување и занаетчиски погони) не остана долго заедно. На Sailer-овите браќа и сестри од “верата” не им беше потребен пекар, туку добар адвокат. Ако одличниот адвокат за предмети од управното право дотогаш ги застапуваше Greenpeace и погодените општини при планирањето на аеродромот Минхен 2, сега требаше да му се помогне на едно религиско малцинство во неговото право против “систематското прогонување и изопштување”. Во 1994 година тој се откажа од адвокатската практика во Минхен и се пресели во областа Шпесарт, за да живее таму во заедницата Универзален живот и да работи како нејзин адвокат. 

За пресметувањето особено со двете големи Цркви и нивните ополномоштеници за секти, се зборува во третиот дел од книгата. Меѓу ова Sailer го прикажува учењето на својата религиска заедница – стари и нови објави, кои, во визии од Беседата на Гората, даваат знаење за еден ослободен свет. Притоа, станува јасно дека непријателските напади однадвор претставуваат важен елемент за самото здание на учењето. 

Целосно спротивно на својата намера, противниците на Универзален живот играат носечка улога во динамичното сценарио на времето на крајот. “Агресиите на црковните ополномоштеници за секти и нивните новинарски и политички помагачи, во основа, се доказ за вистинитоста на повторно воскреснатото прахристијанство.” На Gabriele Wittek не ù оди подобро одошто на сите вистински пророци пред неа: “Говорниот инструмент” не само што не се препознава и се оспорува, туку и се прогонува преку современата инквизиција. Меѓутоа, мачеништвото на пророчицата и нејзините следбеници само го отсликува апокалиптичкото пресметување меѓу гулабот и змијата. “Дека нашиот надворешен свет носи апокалиптички црти, тоа може да се допре со рака… Се наоѓаме… среде една духовна борба, во која Божјото се бори со она што е против Божјото.” 

Sailer го гледа Универзален живот во 2000-годишната традиција на оние христијански групи, кои беа прогонувани од официјалната службена Црква заради еретиштво. И тој е со цврсто уверување дека човештвото сега живее “во големата пресвртница на времиња”, “која ја најавија Исаија, Исус од Назарет и Јован од Патмос.

 

” Кристијан Зајлер: 
Походот на змијата и 
дејствувањето на гулабот – 
Божјото пророштво во 
пресвртницата на времиња 

408 стр., тврд повез,         ISBN 3-89201-107-9

 

Оваа книга можете и директно да ја нарачате кај издателството DAS-WORT

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]