
|
Зошто говори Бог,
Вечниот?
|
|
Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, одговори на ова прашање: Од историското минато ние знаеме дека Бог, Вечниот, ни испраќаше нам на луѓето пророци, преку кои Тој не само што сериозно опоменуваше, туку и го покажуваше интензивно патот, секогаш тогаш кога растеше подивеноста на народот, којашто се изразуваше во вид на најниските ексцеси и екстази на човечкото јас и воведуваше, преку силно изразено постапување против темелните принципи на божествениот Ред, решавачка пресвртница во историјата на човештвото. Ако го посматраме нашиот денешен свет и ги анализираме дневните настани и збиднувања, тогаш е очигледно зошто Бог испраќа еден пророк во денешно време, преку кого Тој се објавува. Будниот препознава дека сега се наоѓаме во една силна пресвртна точка од земниот живот, во еден пресврт каков што немало досега во историјата на човештвото. Во нашево време ги доживуваме почетоците и збиднувањата коишто се сликовито пренесени во Јовановото откровение. Катастрофи, како во светот така и оние што произлегуваат од Земјата, Надвладуваат. Луѓето ја разориле во значителна мера Земјата и нејзиниот заштитен штит, атмосферата. Стратосферата се отвора сè повеќе. Влијанијата од Вселената нè погодуваат нас, луѓето, на различен вид и начин. Морињата се претворени во ѓубришта на човековата не-култура; во нив ги наоѓаме отпадните води од безброј фабрики и отстранетиот складиран атомски отпад. Почвите на Земјава се испрани. Дождовните шуми, кои се белите дробови на Земјата, се сечат по цели огромни парцели. Џиновски водени маси се пренасочуваат и се градат соодветни брани. Над растенијата и животните се манипулира; животните неискажливо се мачат, исто така и во лаборатории заради експериментални цели. Илјадници и илјадници животински видови умираат, бидејќи, како последица од зафаќањето на човекот во поставеноста на дејствувањето на природата, Земјата не може веќе да им понуди животен простор со животни услови што им одговараат. Луѓето стануваат сè посвирепи. Се прави трговија со човечки органи. Научници од понекои стручни области свесно зафаќаат во подрачја и структури на Животот, зафати во од Бога дадениот ред, пред кои досега уште луѓето беа создржани заради извесна природна бојазливост. Во пораст се досега непознати болести. Зачестуваат и се трупаат судбини. Глад, болести, ѕверски воинствени постапки, насилнички злосторства му се закануваат на човештвото во сите подрачја на Земјата. Јазот меѓу богати и сиромашни станува сè поголем. Има сè повеќе скандали, сè повеќе случаи на корупција. Неурамнетежености, неправедност, манипулација, лага и измама во мало и големо, како и невработеност водат до растечки напнатости. Неиздржливите состојби во светот стануваат видливо подрастични и алармирачки; развојот веќе колабира – она што уште вчера важело, денеска е веќе ништо и не важи. Ова вреди и за зборовите на моќните на оваа Земја. Веќе од овие неколку ударни примери може да се согледа дека се наоѓаме во првата фаза на еден пресврт од големи размери и со катастрофални последици. За состојбата на подивувањето на народот е карактеристично дека исчезнуваат сите етички и морални вредности. Незауздано се зафаќа околу себе. Очигледно е дека институционалното “христијанство” не им нуди на луѓето веќе никакво потпиралиште. И покрај својата надворешна раскош и својот златен сјај црквите стануваат попразни – толку празни каков што е и “побожниот” збор што во нив се изговарал и се изговара. Многумина кои Бога, својот Татко, и патоказот кон Него ги бараа во црквите, мораа да утврдат дека таму Тој не може да се најде. Богот на црковното учење не им помага нив ниту да ја разберат својата лична судбина, ниту да се соочат со неа. Бидејќи луѓето не можат да го доведат тоа во согласност со верската слика за еден Бог кој љуби, дека нивните судбини, нивните болести, нивните неволји и сè што светот носи од нечисто тој бог ниту ги ублажил ниту ги отстранил, тие загубија верба во Бога. На еден бог кој своите деца ги испраќа во вечна проколнатост, тешко му се оди во пресрет со доверба. Црковните моќници, со своите лични парадни обележја, се прикажуваат само себе самите, наместо да поучуваат за јасното и нефалсификувано учење на Исуса, Христа, и ова самите да го овоплотуваат, во свеста дека тие самите не се ништо, освен служители на Оној кој е сè и да Му изразуваат чест на Оној кого Бог ни Го испрати: Неговиот Син. Таканаречените црковни носители на служба тогаш се закачуваат за државата, за да влечат, преку државата, црковен данок и слично, значи соодветни поволности коишто една службена Црква – т.е. државна Црква – си допушта себеси да ги бара. Црковниот народ и народот плаќаат за црковните властодршци, без да прашаат за што. Ако се присетиме на животот на Исус, на Неговото учење, радосната вест, обзнанувањето на големата Божја љубов, и ако го споредиме со тоа денешното христијанство, тогаш утврдуваме: Од едноставното и обично Исусово учење одвај уште преостанало нешто. Сè е ориентирано кон црковна моќ и црковен профит. Малкумина црковни христијани знаат дека тие самите се храмови Божји и дека Духот Божји живее во нив. Малкумина знаат дека можат просто и едноставно да се свртат кон внатре кон Бога на срцето за да водат разговор во двајца непосредно со Него преку молитвата којашто настојуваат да ја остваруваат во секојдневјето, и да Му се приближат Нему преку исполнувањето на Божјите Заповеди и на Исусовата Беседа на Гората. За тоа не се потребни црковни кнезови, никакви црковни градби облепени со злато, никакви догми и ритуали, туку единствено знаењето дека Бог, кој престојува во срцата на луѓето, ги љуби и сака да им помогне, доколку тие сакаат. Нам не ни е потребно повеќе од знаењето дека човекот е самиот одговорен за сè што прави, според зборовите на Исус во Беседата на Гората, по смисла: За секој некорисен збор, мора да положшш сметка на денот на судот. Тоа важи и за злобните мисли, за нечистите чувства и ниското постапување, за постапувањето според најниските човечки нагони. Од ова произлегува дека она што човекот го посеал, тоа и ќе го ожнее. Не ни го испраќа Бог она што треба денеска да го поднесеме и да го истрадаме; не ја онечистил Бог земјата и морињата; не зафаќа Бог во атмосферата за да ја отвори; не ни го испраќа Бог гладот, болестите и патилата. Не ни Го испрати нам Бог Својот Син за да научиме како се откинуваат органи од телото на децата од Третиот свет, како се мачат, смртуваат и јадат животни, како се сечат дождовните шуми и како, преку изградба на џиновски брани, се свртуваат водните жили на Земјата. Бог не ни Го испрати Својот Син за да нè поучува како се станува богат преку стопанство што се пробива со лактови, така што настанува сиромаштво. Исус не нè поучуваше ниту за ѕверски воинствени постапки, а ниту ни даде совет да ги слушаме црковните властодршци. Тој ни рече нам на луѓето: Следете Ме Мене, Исуса, Христа! Како? Тој нè поучуваше за ова со едноставни, обични животни правила, кои наедно се највисоки поуки. Масата народ се држеше инертна и глупава, а го поднесуваше и тоа што теолозите, црковните моќници, станаа владетели над една религија која само ја носи наметката “христијанска”. Треба ли Христос Божји да молчи кога Неговото учење се искривоколчува и се применува за практикување на моќ и за собирање богатства, а верниците на Црквите се водат во заблуда? Од Внатрешната религија, религијата на срцето, длабокото верување во правилното остварување на учењето, во институционалните Цркви не постои веќе ништо. Дека Бог им испраќа во ова време на луѓето еден пророк, преку кого Тој се објавува, за да ги спаси Своите деца, кои ги љуби, од нивните маки коишто самите си ги натовариле, коишто еднаш ќе му дојдат секому според законот на сеидба и жетва – тоа може да го разбере само оној за кого станало сигурно тоа дека Бог е љубов, дека Тој, нашиот вечен Татко, се грижи за нас, Своите деца. Доказ за Неговата голема љубов е Неговиот божествен Син, Со-Владетелот на Небесата, кој дојде кај нас луѓето, кој како Исус од Назарет нам ни Го приближи нашиот вечен Татко на љубов, кој може да се најде единствено во секој човек – во молитва во тивка одајка и преку исполнување на Неговите Заповеди и на Беседата на Гората. Да се искусат во своето срце овие едноставни Исусови зборови, овие упатства и блиски на Бога поуки, Бог, нашиот вечен Татко, тоа беше тековно потиснувано од страна на црковните службеници. Луѓето се насочуваа кон црковни службени лица, кон свештеници, попови, бискупи, кардинали, или кон оној си дозволува да го викаат “свет отец”. Сето тоа Исус не го сакаше. Сето тоа нам и не ни е потребно. Исус нас нè поучуваше за Оченаш и дека треба да му простиме на нашиот ближен и ние да го молиме нашиот ближен за прошка за своите гревови, дека нашиот вечен Татко може да ни прости само ако ова го правиме од срце. Ниту за ова не ни е потребно црковно службено лице, а ниту исповед, со којашто еден грешник дрско си присвојува право да сака да им одземе гревови на други грешници – божем по налог од Бога. Љуби Го Бога од сè срце, со целата своја душа, со сите свои сили, а својот ближен како себе самиот. Ова е едноставното и обично учење, “се разбира” премногу едноставно за црковните службени лица. Повремено, ова го пренесуваат и тие, ограничено со клаузули, меѓутоа вистинската смисла на ова големо и единствено учење не се објаснува и, пред сè, не се живее како пример за другите. Кога претставниците на службените Цркви би го овоплотувале ова единствено учење - да Го љубат Бога од сè срце – тогаш не би имале веќе право да се нарекуваат црковни достоинственици. Токму во ова време, во кое почна да се покажува големиот колапс, Бог испрати повторно еден пророк, за да му каже на човештвото: ЈАС СУМ присутен; ЈАС СУМ тука, исто така и во најтешкото време. – Сепак, Бог нема да присили ниту еден човек да Го слуша Него. Бог дава преку пророкот, а кој ги прима и ги прифаќа Неговите зборови, значи ги остварува во секојдневниот живот, тој Го доживува Бога во своето срце. После повеќе од 20 години пророчко дејствување јас се уште не се чувствувам дорасната за оваа моќна задача. Јас никогаш не сакав да бидам пророк. Меѓутоа, во душата на еден пророк лежи Пророчкото упатување од Бога, кое пророкот мора да го исполни. Кога Го пронајдов Бога во моето срце јас сакав да бидам исклучиво Негово дете, Негова ќерка, и да ја исполнувам Неговата волја. Пророчката служба ми паѓаше отсекогаш тешко, а ми паѓа тешко уште и денес, меѓутоа јас ја вршам, бидејќи Бог сака така. Најпосле, јас сум пророчица против волја.
|
![]()
Universelles
Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006
Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија: (+49)
931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје,
Република Македонија
телефонски број во
Македонија: 02/3111-043
email:
info@universelles-leben.org
[an error occurred while processing this directive]