|
Бог е слобода |
|
Бог е слобода. Тој не нè присилува на ништо. Заради тоа, не би требало ниту ние луѓето да применуваме принуда над нашите солуѓе, ниту во мали нешта ниту во големи. Ова важи и кога се работи за вера, за религија. Дали надворешна или Внатрешна религија – не смее да има никаква принуда. Секој треба да се одлучи слободно како сака да се устреми кон Бога и дали сака. Така постапува Бог со нас. Тој ни остава слобода да одлучиме, меѓутоа Негова волја е ние да ја исполнуваме повторно Неговата волја и да бидеме повторно кај Него. За ова би требало да мислиме почесто: Бог сака од сè срце ние да не се мачиме, ние да не страдаме, туку да сме при Него, во светлината, во љубовта. Бог, нашиот Татко, Го испрати Својот Син, за да го запознаеме ние патот кон љубовта, за да ја пронајдеме љубовта. А каде нè упатуваше Исус, Христос? Тој рече: “Царството Божјо е внатре во вас.” Тоа дека царството Божјо е внатре во нас, а не е врзано за надворешни места, за надворешни прилики и услови, тоа са нас значи: Секој од нас има слобода да допушти секој ден внатрешното царство да расте и да настанува. Тогаш не ни се потребни никакви надворешни форми, никакви ритуали, никаква надворешна религија – потребно ни е заедништво на браќа и сестри, во кое секој поединец вели: “Јас одам во своето срце. Ден по ден јас го отворам царството Божјо во себе, за да бидам, по смртта на телото, повторно свесно во царството Божјо како битие на светлината.” Во тоа лежи слободата. Во овој Дух на слобода се наоѓа и Универзален живот. Универзален живот значи живот во Бога. Така е исто и со објавите од нашиот брат и Откупител, Христос. Бог ни остава слобода. Оттаму, во Универзален живот е слобода. Бог не нè присилува на никаков ритуал. Бог не нè присилува на никакви догми. Тој сака ние да сме слободни, да се одлучиме слободно. Слободата е живот во Бога. Така, можеме да речеме: Универзален живот е слобода. Ако живееме така, тогаш се собираме како слободни луѓе во Духот на љубовта, кои бараат заедништво и расцутуваат во заедништвото, бидејќи заедништво е исто што и единство. Единството е слобода. Слободата и единството нè прават силни во срцето и во љубовта спрема Бога и за ближните. Прахристијанство значи: заедништво, единство. Од Праструјата дојде Синот и ни го донесе Животот, Откупението. Синот Божји е нашиот Откупител. Заради тоа, ние Го нарекуваме Христос. Бидејќи вистинското учење, законот на љубовта, којшто Христос го живееше како пример за нас и за којшто нè поучуваше, доаѓа од Праструјата, ние се нарекуваме Прахристијани. Прахристијаните се слободни луѓе. Тие бараат заедништво, меѓутоа не се врзуваат за човек. Прахристијаните се луѓе кои се љубат сè повеќе и повеќе несебично меѓусебе – значи без вреднување. Несебична љубов значи: јас ниту го возвишувам својот ближен, ниту него го снижувам; мојот ближен е дел од мојот вечен живот. Во едно вистинско заедништво постои заедничкото добро. Заедничко добро значи: добро за сите. Заедничкото добро е изградено врз вистинско братство-сестринство и несебичност. Секој брат/сестра го сочувува во срцето делот од својот ближен, кој е во него, и го активира во свеста: Во мојот ближен е Бог, во мене е Бог; ние сме во Бога едно – тогаш секој ќе се грижи за тоа да му оди добро на ближниот. Тоа е активно прахристијанство. Тоа е заедничкото добро, доброто на сите. Како на Небото, така и на Земјата. Ако ова си го освестуваме и ако, од ден во ден, стануваме сè повеќе свесни за ова, тогаш се буди копнежот по нашето божествено наследство, по вечниот закон. Копнежот по Бога нè потсетува, секогаш повторно, да го напуштиме својот јас-закон, својот личен закон, ограничувачкиот закон на “јас”, на “мое” и “мене”, во којшто ближниот нема простор и место.Тогаш ние го напуштаме она “мое добро” и враснуваме во заедничкото добро. Заедничкото добро е и општо добро, во кое учествува секој поединец. Секој ги вложува своите сили за општото добро. Ниту едно духовно битие нема да рече: “Другиот треба да го направи тоа. Сега јас се одморам; можеби ближниот може да го направи тоа подобро.” Секое битие во Бога сè извршува во Апсолутниот закон. Тоа не се одмора на сметка на енергијата на ближниот. Соодветно на своите способности тоа дејствува во големата Целина за доброто на сите. Како на Небото, така и на Земјата. Универзален живот значи слобода - слобода во Духот Божји. Универзален живот значи: Отвори го царството Божјо во себе и ти го пронаоѓаш слободното заедништво на браќа и сестри кои Му изразуваат чест единствено на Бога. Тие Му изразуваат чест единствено на Бога така што допуштаат секојдневно сè повеќе Бог да дејствува преку нив, преку нивните осети, чувства, мисли, зборови и дела. Ако се стремиме ден по ден кон ова, тогаш го пронаоѓаме сè повеќе и повеќе нашето божествено наследство, Апсолутниот закон, којшто е нашиот вистински живот, кој нè прави слободни, кој нè прави среќни, кој нè обединува. (Од книгата “Големите космички учења на Исуса од Назарет до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат, со објаснувања од Габриеле во големата црква-учителка на Духот Божји, Том 4” – може да се нарача кај: Издателство Das Wort или на македонски јазик кликни овде ) Ова е само мал извадок од Космичката животна школа, Средба на сите трагачи по Бога, која се одржува секоја недела од 10:00 часот во многу Места на прахристијанско среќавање. |
![]()
Universelles
Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006
Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија: (+49)
931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје,
Република Македонија
телефонски број во
Македонија: 02/3111-043
email:
info@universelles-leben.org
[an error occurred while processing this directive]