Универзален живот 
Внатрешна религија

Христијанска вера – слободни во Духот Божји 

Внатрешната религија е животот во Бога, Кој ги поврзува сите луѓе во Своето единство и љубов. 

Животот во Духот Божји се објаснуваше и се објаснува од Духот на вистината преку Десетте Божји Заповеди и преку Исусовата Беседа на Гората. 

 

Слободниот Дух, Бог, не провејува во надворешна религија 

Бог е слободен Дух и нема ништо заедничко со надворешната религија, со институциите Цркви. Институциите Цркви имаат втиснато свои претстави за тоа каков би морал да биде Бог и како би требало Тој да се пресретнува и им ја наметнуваат на своите верници својата претстава за Бог, најпосле и преку крштевањето доенчиња.Тоа се надворешни религиозни претстави, тоа е сликата за Бог на црковните институции, меѓутоа тоа нема ништо заедничко со вистинскиот Еден, со Бога. 

Надворешните религии, за обожувањето на својата претстава за Бог ги имаат секогаш своите традиции. Во царството Божјо не постојат ниту надворешни религии, ниту традиции. Црковните носители на служба и многу црковни верници се здрвени во своите традиции. 

Така, многумина не забележуваат повеќе со колку непочитување спрема човекот се содржините на конфесионално-црковните учења. За нив е обврзувачко, како и порано, она што стои запишано во Стариот завет. 

Таму, на пример, на пророкот Мојсеј му се подметнува на многу места тоа дека Бог самиот барал смртна казна (во тогашно време: каменување) – на пр. за оној кој ги изгонува своите родители, за прељубникот, за оној кој му се спротивставува на судот од свештеник, за хомосексуалци и уште многу повеќе. На Бога му се припишуваат многу подмолни начини на однесување. Нивните непријатели требаше да се ослабнат и потоа да се убијат. А низ страниците има, се разбира, и “божји” упатства за тоа кои привилегии на свештениците им припаѓаат и како треба овие, од своја страна, да се погрижат за тоа животните на најбрутален начин да се мачат, убиваат, распарчуваат и спалуваат – како што гласи, “за успокојувачки мирис за Господа”… (3. Мојсеј 3, 5) 

Сето тоа се учења на една надворешна религија. Еден поглед во историјата покажува какви плодови таа произвела. Да се сетиме само на крстоносните походи, прогонувањето на еретиците и Евреите, инквизицијата, спалувањето вештерки и уште многу друго. 

А каков е ставот на надворешната религија спрема животните, нашите со-створенија? 

Иако Исус, Христос, изрично осуди секакво усмртување - исто така и усмртување на животни, службените Цркви се залагаат за кланици, експерименти со животни, генманипулација, дури самите за ритуални ужасни нешта кон животните, кои ги спроведуваат на ѕверски начин. 

 

Внатрешната религија се базира врз слобода 

Внатрешната религија нема надворешни водачи. 

Луѓето кои Го следат Исус, Христос, ја сочинуваат, како заедница, Внатрешната религија. Оваа нема ритуали, нема догми, нема свештеници и попови и нема членство, нема, значи, ниту крштевање на доенчиња. 

Внатрешната религија се базира врз слободата, а слобода значи да се прифати Божјата љубов и да се учи, за да се разбере ближниот и да се почитува како син или ќерка Божји. 

Кој ги применува во својот живот законите Божји чекор по чекор, тој ù припаѓа на Внатрешната религија, без оглед дали е приклучен кон една заедница на Внатрешната религија или не. 

Луѓето на Внатрешната религија се состануваат заедно во свеста дека Бог е љубов и дека Неговиот Дух на љубов, на мир, на милосрдие и добрина живее во секој човек, во секое животно, во секое растение, во секој камен, дури во секој атом, во секоја молекула, во секоја капка вода. 

Внатрешното христијанство упатува кон патот кон внатре кон љубовта спрема Бога и ближниот и го покажува постапниот пат за да го пронајде човекот излезот од самрачниот сон на егото, значи да се пробуди во Духот на слободата. 

Вистинската слобода ги содржи како себепочитувањето, така и почитувањето на ближниот. Слобода значи, исто така, да се биде слободен од мислењето против другите, или од мислењето дека другиот треба да го прави за нас ова или она кое би можеле да го направиме ние самите. Да се биде слободен значи да бидеме поврзани со единствениот авторитет, со Интелигенцијата БОГ, за да научиме што е Божјата волја. 

Ако ја користиме својата слобода во волјата Божја, тогаш им служиме вистински на Бога и на луѓето. 

 

Вистинската вера, верата на делото, ослободува 

Вистинската вера е вера на делото. Во правилното дејствување, во дејствувањето со Бога, во дејствувањето преку комуникацијата со вечниот Дух, помошта е тука и осетувањето дека Бог постои и дека Бог помага - на секој грешник. 

Ве интересира? Би сакале да доживеете и Вие со нас една приредба во живо? Поблиски информации и места на одржување на приредбите: Средби на сите боготрагачи

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

1308