|
Универзален живот актуел
Поглед наназад, којшто е наедно и поглед напред
|
Уште на почетокот беше упатено на големата цел: Создавање на едно дело на Откупение што ја опфаќа Земјата и на Царството на мирот на Исуса Христа. “Јас сакам преку тебе и преку други верни да изградам едно Дело ширум светот. Јас ќе ти ги доведам нив. Едни ќе доаѓаат, други ќе заминуваат, некои ќе бидат опфатени и ќе останат, меѓутоа се создава едно ново Дело ширум светот, од кое настанува почетокот на Новиот Ерусалим, Царството на мирот на оваа Земја”, ù рече Христос на почетокот на Габриеле, која во својата буквална невиност одвај можеше да сфати што ù најави Христос. Но, набрзо, Делото, кое на почетокот уште беше наречено Дело на Исуса Христа за водење дома, стануваше сè поголемо. Веќе 5 години по почетокот се создадоа таканаречени Христови ќелии во повеќе градови на јужна Германија, но и во Австрија, па дури и во два града во САД, во кои луѓе се собираа заедно за да ја слушаат непосредната Реч на Духот, или заедно да читаат од “списите”, на почетокот едноставни текстови од безброј објави, кои ни беа дарени веќе во тоа време преку Габриеле. Тоа беа оние кои преку своето неуморно залагање го овозможија настанувањето на Делото. Скоро секој викенд тие патуваа, за да му дадат можност на Духовниот свет да ни се објави на две, највеќе три, понекогаш и на четири различни места. Притоа Габриеле донесе еден просто незамислив успех. Не само што таа, често стоејќи, со раширени раце, во најголема концентрација ја примаше Речта – и тоа понекогаш четири дена последователно – туку таа ги поднесе без да се жали огромните напори на, честопати, долгите и тешки патувања, коишто ја водеа не само кон земјите од германското говорно подрачје Австрија и Швајцарија, туку и кон Франција, Италија, Шпанија (вклучително Северна Африка), САД, Мексико и Канада. И колку нè направи среќни сите нас со тоа; па, преку зборовите на објавите беа ословени нашите души. Кој еднаш со отворено срце слушнал и примал една објава, тој знае какво неопишливо чувство на среќа може да ги проструи душата и човекот, кое пробудува копнеж тоа да се доживее секогаш повторно и повторно. Притоа дури воопшто не ни пречеше тоа што, на почетокот, просториите во кои се собиравме, беа уште мали и не секогаш со многу пријатен изглед. Не ни пречеше, исто така, воопшто тоа што записите на многуте објави, коишто Габриеле веќе ги имаше примено, најпрвин беа уште издавани во мошне едноставна форма. Ние жеднеевме, во највистинска смисла на зборот, за пораките од нашата вистинска татковина. Кон крајот на 1979 и почетокот на 1980 година започнаа духовните школувања, чија цел е повторно да го ослободиме нашето највнатрешно битие и, со тоа, да се доведеме себеси повторно до нашиот Праизвор и назад кај Бога, нашиот Татко. На почетокот, овие школувања се состоеја од прекрасни медитации, кои зафаќаат мошне длабоко, кои најпрвин беа издадени уште во писмена форма, а подоцна на касети, и кои, во оние кои сериозно и совесно ги спроведуваа вежбите, ги ослободуваа, сè повеќе и повеќе, внатрешните, духовните сили. Овие медитации се спроведуваа тогаш во рамките на “Центарот за лечење со молитва и медитација”, којшто постоеше во Делото на Исуса Христа за водење дома. Во есента 1980 год. добивме дополнително уште и “телесни вежби” кон медитациите, хармонично-динамични движења што се одвиваат при, исто така, хармонична музика, кои со-придонесуваат за тоа телото и душата да се доведат повторно во единство. Во тоа време имаше веќе четири мажи и жени кои ја носеа надворешната одговорност за Делото Господово, кое стануваше сè поголемо, набрзо станаа седуммина, потоа сè повеќе, поткрепени од одговорните во одделните места, како и оние кои веќе презедоа духовни задачи – сепак, на чело на сите секогаш Габриеле, преку која Духовниот свет објавуваше сè повеќе детали за законитостите на вистинскиот живот. Така Делото растеше сè повеќе, сè повеќе луѓе на целата Земја се чувствуваа ословени преку духовното добро и му се приклучуваа на Делото; не во надворешноста, преку пристапување кон една организација и преку давање на членски прилози, туку на тој начин што школувањата ги земаа за сериозни и советите од Небото, конечно од центарот на целото Постоење, ги вклучија во својот живот и, така, чекор по чекор, ги остваруваа. Делото стана толку големо што во 1984 година Делото на Исуса Христа за водење дома и Центарот за лечење со молитва и медитација се стопија во Универзален живот, зашто Христос го оствари Своето ветување и ни го испрати Духот, Утешителот, кој нè воведе во целата вистина. А сега важеше, она што беше објавено да се спроведува и во практика, тоа да се пушти да втечува во сите подрачја од нашиот секојдневен живот. Луѓе се собираа во претпријатија од секаков вид, оти овде на Земјава сите имаме потреба од храна, облека и живеалиште – едно широко поле за да му се служи на ближниот. Онака како што растеше Делото, така растеа и приредбите со објави; салите во кои се собиравме стануваа сè поголеми. Веќе во 1981 год., кога БОГ-ОТЕЦОТ се објави за прв пат преку Својата пророчица, беа дојдени веќе над 1000 луѓе. БОГ-ОТЕЦОТ ни говореше со толку силен глас, којшто ја исполни салата без напор до последното ќоше. Толку беше силно збиднувањето; толку силен беше и физичкиот напор на човечкото тело на Габриеле. А објавите стануваа уште поголеми. Големи објави следуваа во централни градови, вклучително и фестивали што траеја повеќе денови, на пр. во големата саемска хала во Франкфурт, во халата на поетите во Нирнберг, во Олимпија-центарот во Минхен и многу други. Но, со тоа никогаш доволно – Габриеле забележа многу божествени објави и написмено. Така, меѓу другото, настанаа, покрај безброј други книги и списи, централните книги “Причина и настанок на сите болести”; “Внатрешниот пат”, резимираниот опфат на сите школувања од медитациите па до степенот Сериозност (повеќе од 1300 страници); “Ова е Мојата Реч”, чистото и нефалсификувано Христово учење (над 1000 страници), и “Големите космички учења на Исуса од Назарет до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат”. Во годините 1989/1990 година започнаа со емитување на емисии што се занимаваа со духовното добро на Универзален живот првите радиостаници во Јужна Америка, Франција, Шпанија и Италија. Најпрвин тоа беа уште интервјуа, кои им го приближуваа на слушателите учењето на Христа Божји, а набрзо потоа мораше да се продуцираат емисии со медитации или школувања на тонски ленти или касети. Веќе во 1990 год. следуваа редовни директни емисии во средите од 6:30 часот наутро, со пренос преку телефонска врска до радиостаници во Италија, Шпанија, а (со временско поместување) и кон Јужна Америка. Во овие “Христови зрачења” Духот на Христос Божји го даваше Своето исцелителско зрачење преку Габриеле и по повеќе од еден час. Набрзо потоа следуваше “Малата рунда разговори” во вторниците навечер, во која се разговараше за Беседата на Гората, Десетте Божји Заповеди и други теми, и - сега и на радио - за “Внатрешниот пат”, школувањето на свеста за да Му се приближиме на Божјото во себе. Меѓу 1993 и 1996 год. секоја втора недела го доживувавме “Божественото Пророчко Исцелување”, вкупно 60 објави, вистински бисери, во кои Христос ни ги објасни не само меѓузависностите на нашето однесување со нашите болести, туку ни подари и целесообразни вежби и така нè стави во ситуација да проникнеме до причините на своите гнасотии. Понатаму, од 1992 год., во неделите, беа распростирани низ целиот свет и емитувани ширум светот на повеќе јазици “Космичките учења на Исуса од Назарет”, со објаснувања од Габриеле, поучните вдлабочувања. Први контакти можевме да вклучиме и во Африка и, на пр., во 1996 год. да ги емитуваме поучните вдлабочувања и други програми на африкански англиски преку државното радио од Нигерија, исто така во Буеја и во западен Камерун; на француски започнаа емитувањата во делот со француско говорно подрачје на Камерун, во Того, Бенин и Нигер. Во 1996 година имаше веќе повеќе од 300 радиостаници ширум светот, преку кои одеше Речта Господова. Веќе во 1993 год. започнаа првите емитувања на германски програми преку кратки бранови, кои, така, можеа да се примат ширум светот, а во 1995 год. се приклучи уште една голема радиостаница, која ни овозможи да емитуваме на средни бранови, со мошне голема емитувачка моќ, така што нашите програми на германски јазик може да се слушаат во цела Европа. Истовремено, преку силни краткобранови емитувачи на истите радија, можевме да ги зрачиме нашите програми ширум светот на петте главни јазици. А така е уште и денес. Навистина е “Универзален живот - ширум светот”, И ние добиваме одушевени повратни јавувања од сите делови на светот, дури од земји до кои немавме пристап до сега, како Куба, Алжир, Либија, Египет итн. Само во првата година од нашето емитирање на програми во Того, оттаму добивме над 800 писма, во кои луѓето не само што се заблагодаруваа срдечно за духовното добро, туку имаа и илјадници прашања; за исцелување, за Внатрешниот пат и уште многу друго. Скоро сите од нашите емисии за во странство се симултани преводи, било да е тоа “Внатрешен лекар и исцелител”, “Пра-Светлина за сите луѓе”, “Матрикс-медитации”, “Внатрешен пат на степенот Ред или на степенот Волја”, емисиите “Среќа, слобода и успех” и многу, многу Теми од Космичката животна школа, средбите на сите боготрагачи. Симултан превод овде значи дека германскиот оригинален тон може да се слуша тивко, а паралелно со него, со нормална јачина, и гласот на преведувачот. Така, и слушателите кои не говорат германски можат да го слушнат гласот на Габриеле, пророчицата и гласничка Божја за ова време. Пораката оди ширум светот, сега преку повеќе од 500 радиостаници. А за да имаат пристап до пораките од Духовниот свет и луѓето кои не можат да примаат преку радио, скоро сите програми се на располагање и преку Интернет, така што некој кој има пристап до Интернет може на секое место и во секое време да слушне една или друга емисија. Во подготовка е едно таканаречено “Интернет-радио”, еден Интернет канал, преку кој во одредено време, во една музичка програма што постојано тече, ќе се вклучуваат прилози. Притоа се можни и вклучувања во живо на актуелни приредби. Некои од нашите програми беа емитувани и преку телевизија, на пример емисијата “Животните тажат – пророкот обвинува!” на италијански јазик преку италијанската државна телевизија. Токму оваа емисија, која се базира на истоимената книга, што може да се добие на многу јазици, предизвика поплава од повратни јавувања, исто како што предизвика и книгата мошне жив одек во целиот свет. Така, веќе е настанато мошне многу од малото јајце, од малата клетка од која сè произлезе. А луѓе се собираат редовно во 103 градови ширум светот, за да им се приклучат заеднички на приредбите во Вирцбург, или да слушаат касети со божествени објави или школувања, или да читаат книги во кои е објавено духовното добро на Универзален живот. Притоа, и во оддалечените краишта тие добиваат материјал преку таканаречени “центри за распределба”, кои можеа да се создадат во многу земји, на пр.во Гана, Нигерија, Заир, Буркина Фасо, Индија, Австралија, Нов Зеланд, Колумбија, Чиле, Аргентина, САД, Канада, но и во Франција, Италија, Шпанија, Полска и Словенија. Така, може да се рече дека Внатрешниот пат се школува ширум светот, од ноември 2000 год. во рамките на Космичката животна школа, Средбите на сите боготрагачи, поаѓајќи од Вирцбург, скоро секоја недела, или преку преноси до телефонски приклучените градови, директно или временски поместено, при што се вклучени директно и повеќе радио-емитувачи во Шпанија и Италија и го зрачат школувањето во своето подрачје на емитување. За време на школувањето, но уште и 30 минути по него, слушателите можат да повикаат еден централен телефонски број во Вирцбург и да постават прашања за градивото од школувањето, за дадените задачи, или и да изнесат свои искуства што ги направиле со задачите. Во годината 2000-та на ова се надоврза уште и нешто сосема специјално, групните разговори на “Високото средиште на божествената Мудрост”, за кое во Вирцбург доаѓаат луѓе од сите земји. Тоа се семинари на интересни и, исто така, силно значајни теми, како “Верноста спрема твоето вистинско битие е независност од луѓе, предмети и ситуации”, “Се учиме да фокусираме”, “Среќата и здравјето лежат во твои раце” и многу други. Преку овие активности, кои се сите носени од Габриеле, вниманието на сè повеќе луѓе, во меѓувреме од 193 земји, се свртува кон Универзален живот. На голем одек наидоа и предавањата на актуелни теми, како, на пример, “Зошто нè колете нас (животните) за добро на вашето (човечко) тело?”, или “Убиството на животните е смрт на луѓето”. Само во првото полугодие од 2001 година дојдоа околу 1000 “нови” посетители. Овие предавања се базираат на бр. 15 и бр. 16 од серијата брошури “Пророк”, при што број 15, со веќе споменатиот наслов погоре кај радиоемисиите “Животните тажат – пророкот обвинува!” предизвика лавина од писма и повратни јавувања. Само на просторот на германското говорно подрачје беа бесплатно поделени илјадници и илјадници од оваа брошура на заинтересираните. Оваа брошура е веќе излезена на главните јазици и на некои други, а во подготовка е веќе и на останати јазици. И централните книги, исто така, “Ова е Мојата Реч” и “Внатрешен пат - збирно издание” ги има на сите важни јазици во светот, а, освен нив, уште и многу други книги, како “Верско исцелување, целовито исцелување”, “Причина и настанок на сите болести” итн. Да, драга читателке, драг читателу на ова мало фрлање светлина наназад, кое е истовремено и поглед напред, би имало уште многу повеќе и поисцрпно да се извести за сите нешта, одошто тоа го дозволува просторот што го планиравме за овој спис. Второто издание од оваа серија ќе покаже потоа, со помош на повратните јавувања од целиот свет, колку интензивно нè ословува нас луѓето во нашето внатрешно Духот на Христос Божји преку Габриеле, пророчицата и гласничка Божја за нашето време, и колку љубов и сила добиваат од тоа луѓето во целиот свет. Ние ù се радуваме заеднички на следната задача, која ќе излезе набрзо. |
![]()
Universelles
Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006
Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија: (+49)
931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје,
Република Македонија
телефонски број во
Македонија: 02/3111-043
email:
info@universelles-leben.org
[an error occurred while processing this directive]