|
Заканувачката порака на Црквата тоне, радосната порака на универзалниот Дух се издигнува
Универзален живот ширум светот Вистинското христијанство, внатрешната религија, која живее во струјата на прахристијанството и е раширена на целата Земја |
|
Исус, Христос, Пророчкиот Дух на прахристијанството оптегна моќен лак во нашево време преку Пророчката реч. Универзален живот ширум светот значи: Универзалниот вечен Дух, Бог во Исус, Христос, донесе едно опфатно дело во светот. Неговото зрачење се засилува во луѓето кои се со добра волја. Големиот лак е како моќно виножито, кое се оптегнува околу Земјата во сите фасети на Внатрешната светлина. Исус од Назарет, Синот Божји, не беше духовник. Неговото учење беше и е највисокото духовно ниво, за кое Тој нè поучуваше од вечното постоење. Највисокото постоење нема Црква. Оттаму, Тој и не основа никаква Црква. Бидејќи Исус од Назарет беше Дух од вечниот Дух, од совршенството, Тој немаше титула, а ниту средства, ниту, пак, воспостави некаква “висока духовност”. Исус, Христос, зборуваше да Го следиме Него. Тој сакаше Неговото учење да го остваруваме. Единствено од остварувањето настанува Царството на мирот на Исуса Христа, кое Тој го најави. Секоја надворешна Црква е една институција, која е исполнета со традиции, т.е. ритуали, догми, верски одредби и слично на тоа. Каде што има традиција, таму има не само состојба на стоење во место, туку уназадување. Тоа го доживуваме денес кај институционалните Цркви основани од луѓе. Духот Божји не дозволува да биде стиснат во шаблони, кои што сака свештеничкиот сталеж во времето на Исус и денешниот свештенички сталеж да Му ги наметне на големиот сеопфатен Дух преку институционални прогласи. Онаму каде што луѓето Го следат Христа, така што го чинат она што го поучуваше Исус, тие се непосредно во прахристијанската струја, која се раздвижи веќе по Христа во Пророчкиот дух. За раните христијани се известува дека едни имале дарба за лекување, други дарба на пророштво. Во сите времиња имаше просветлени луѓе и мистичари, имаше христијански движења, кои се ослободија од стегите на догматското и ритуалното црковно водство за да Го следат единствено Назареецот, што значи да го исполнуваат, чекор по чекор, Неговото учење, не учењето на институционалната “висока духовност”. На пример, Богомилите, Катарите, Валденците и други Го следеа големиот Дух и се трудеа да Му изразуваат чест на Исус, Христос, а не на некоја институција. Заради тоа, многу од нив беа мачени до смрт во црковната инквизиција. И денес, исто така, има повторно луѓе кои се непосредно приклучени на учењето од Исус од Назарет и на прахристијанството; и денес повторно говори Пророчкиот Дух - преку една жена со земно име Габриеле, преку која настана едно моќно објавителско дело, кое се шири преку безброј книги, касети, CD-а и преку стотици радиостаници. Пророчкиот Дух, Христос Божји, даде увид во семоќните, вечно владеечки закони на вечниот живот. Пред 27 години Тој поучуваше, а поучува уште и денес, за ова големо космичко постоење, кое доаѓа на Земјава и им го донесува Царството на мирот на луѓето кои се на патот кон мирољубивоста. Исус, Христос, поучуваше и поучува за вечниот, сеопфатниот Закон. Тој го упатуваше и го упатува секој човек во законот на причина и последица. Исус, Христос, и Небесните гласници поучуваа за Внатрешниот пат, за да се отворат седумте основни сили на Постоењето во душата, кои на луѓето кои ја развиваат љубовта спрема сеопфатниот вечен Дух им донесуваат слобода, среќа, внатрешен успех, мир и мирољубивост. Преку тоа човекот станува здрав, среќен и мирољубив, за да го основа така Царството на мирот, кое го најавија уште пророците на Стариот завет и Исус, Христос. Во овој моќен, светски оптегнат лак, којшто може да се спореди со виножито, којшто беше најавен уште кај Ное, моќниот Дух основа, преку луѓе кои се движат во следбеништвото на Исус, Христос, социјални и медицински установи од општа корист, и едно земјоделско стопанисување во усогласеност со природата и без држење на животни заради искористување, при кое, во мирољубиво земјоделско одгледување, се произведуваат природни животни намирници и се испраќаат понатаму на пазарите до солуѓето. Исус, Христос, поучува денес уште преку Својата пророчица за Внатрешниот пат. Преку радио овој оди во целиот свет, а на целата Земја луѓе го одат овој пат. Неговата Реч, која во моќниот лак на ЈАС СУМ КОЈ СУМ тече преку Земјава, ги опфаќа сите луѓе кои се со добра волја. Учењето на Исус од Назарет беше и е апсолутно слободно учење; тоа лежи во реченицата “Следете Ме!”. Исус не присили ниту еден човек да верува во Божјата Реч. Тој поучуваше за патот кон вечниот Отец и уште поучува за него денес како Христос Божји. Меѓутоа, Тој не му го наметнува ниту на еден човек, ниту како Исус, ниту денес како Христос. Денес гласи како и тогаш: Кој сака да го орифати Неговото учење, тој го оди патот на Беседата на Гората и на Десетте Заповеди, значи Го следи Исуса, Христа. Во учењето Исусово, Христово, лежи градбениот камен на Царството на мирот. Кој го живее, чекор по чекор, мирољубивото учење на Исуса, Христа, така да се рече го исполнува, т о ј е со-изградител на царството Божјо на Земјава. Многу денешни прахристијани се стремат да Го следат Исус, Христос, за да можат да го отворат Неговото Царство на мирот, коешто најпрвин се најавува во срцата на оние кои го исполнуваат, чекор по чекор, Неговото учење. Ние прахристијаните, кои Го следиме Назареецот, немаме ниту догми ниту ритуали, ние не сме врзани за церемонии и верски прописи. Ние се чувствуваме слободни во едниот Дух, во Духот на Назареецот, Исус, Христос, кој е Искупителот на сите луѓе и души. Исус, Христос, кој е Внатрешниот лекар и исцелител, го создаде Светскиот исцелителски центар на исцелување преку молитва и вера, којшто во светлинското виножито на Постоењето зрачи на Земјава. Исус, Христос, ги поучуваше Своите следбеници за етичко-моралните начела - највисоките вредности на Внатрешното битие, за да се живее и да се дејствува во Неговиот Дух. Сеопфатното дело на Исус, Христос, за поучување и помагање наоѓа довршување во Габриеле-фондацијата, заамлинското дело на ближната љубов спрема природата и животните, зашто во него на прво место се наоѓа законот на Животот. Во Габриеле-фондацијата, заамлинското дело на љубов на ближните спрема природата и животните, во кое е засидрен камен-темелникот за Царството на мирот, се исполнува големата љубов на Исус, Христос, спрема животните. Царството на мирот се отвора во поле и шума; се создаваат нови животни простори, во кои животните можат да се движат слободно, без страв дека ќе бидат прогонувани и мачени. Во растечката поврзаност спрема луѓето кои ги пресретнуваат помагајќи им и грижејќи се за нив, животните чувствуваат дека се почитувани и ценети. Пријателството меѓу човекот и животното почнува да расте, не само во надворешното, туку и во чувствата, мислите и во несебичните дела, кои луѓето, кои го одат патот на мирољубивоста, им ги донесуваат во пресрет на животните. Сега станува видливо во надворешноста она коешто произлезе од духовните основи, од големото објавителско дело Божјо преку Габриеле: првите темели на Царството на мирот. |
![]()
Universelles
Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006
Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија: (+49)
931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје,
Република Македонија
телефонски број во
Македонија: 02/3111-043
email:
info@universelles-leben.org
611