Што е Универзален живот?

Тоа е живот во Духот Божји – Внатрешната религија 

Универзален живот значи универзален Дух. Бог, кој е сè во сè, поучува не само за Својот вечен закон на љубов и единство, туку Тој и им покажува на Своите деца како да го употребуваат вечниот закон во сите подрачја на животот на Земјава. Во Оченаш христијанството моли близу 2000 години: “Твоето царство нека дојде и Твојата волја нека се врши, како во Небото така и на Земјата.” Во Универзален живот Христос поучува преку Пророчката реч што значи овој исказ за нас луѓето и како може тој да се остварува во секојдневјето во сите подрачја на животот, за да биде мир и човештвото да ја исполнува Божјата волја. 

Првите христијани не познаваа ниту свештеници, ниту церемонии. Исус од Назарет им ги приближи едноставните зборови на Беседата на Гората, патот кон царството Божјо во внатрешното на секој човек. Овој пат и ова учење се денес поактуелни од било кога. 

Универзален живот е една заедница, која е приклучена на прахристијанската струја. Насочувачка нишка на мислењето, животот и дејствувањето на прахристијаните во Универзален живот се Десетте Божји Заповеди и Исусовата Беседа на Гората, кои се извадоци од законот Божји. Кој ги исполнува нив, чекор по чекор, тој почнува сè повеќе и повеќе да станува едно со вечниот Дух, кој го прозрачува Универзумот: Бога. Тој е наедно нашиот Небесен Отец, чии деца ние сме. Сè што создал Бог е живот од Него и постои вечно. 

Во сите времиња Бог им говореше на луѓето преку пророци. Во Пророчката реч за ова време Тој го прави тоа повторно. Посредувано преку Неговата пророчица и гласничка, Габриеле, настана едно големо божествено објавителско дело. Уште никогаш не било толку длабоко, опфатно и за секого разбирливо објаснето, на пр., настанувањето на материјалниот свет и она што е “суштината на светот”, збиднувањето на Падот, Божјиот план за спас на луѓето и душите и значењето на Откупителскиот чин на Исуса од Назарет. Духот Божји поучува, пред сè, за Внатрешниот пат кон Бога во една Прахристијанска животна школа преку Габриеле, Својата пророчица-учителка. 

Сега се исполнува, значи, она што го најави Исус од Назарет пред 2000 години: “Имам уште многу да ви кажам, меѓутоа сега тоа уште не можете да го носите. Но, кога ќе дојде оној, Духот на вистината, тогаш ќе ве води во целата вистина.”(Јов 16, 12)  Животот во Духот Божји е активниот живот според вистинското учење на Исус од Назарет, кое вечниот Дух одново го приближува преку Својата пророчица и гласничка, Габриеле, во Универзален живот. Тој води од ограниченоста на себичното постоење во космичката свест, во поврзаноста со целото Постоење. 

Вистинското Божјо пророштво не го води човекот во зависност, туку во слободата на христијанинот кој својот живот самиот го зема во свои раце, кој гради врз карпата Христос во своето внатрешно, а не е упатен кон човечки посредници. Во Универзален живот нема членство. Секој е слободен и секој останува слободен. Учеството во Космичката животна школа и на приредбите е бесплатно. 

За 25 години Универзален живот израсна во светски раширено прахристијанско движење. Луѓето на целата Земја ги слушаат божествените објави преку Пророчката реч за ова време и безброј духовни часови на поучување преку Габриеле на приредбите или преку радио. Речта Божја им е пристапна на луѓето во многу книги, како и на касети и CD-а. Натамошни информации за односот на Универзален живот спрема институциите Цркви ќе најдете под Прахристијаните и службените Цркви.

 

Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. фах 892, 1000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 02/3111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]