Светската прахристијанска струја - Прахристијани во следбеништвото на Исус од Назарет, на слободниот космички Дух

 

Срдечно добродојдовте на нашата Web-страна!

Се радуваме што сакате да се информирате за Универзален живот, за тоа кои цели тој ги следи и какви луѓе му припаѓаат. Особено се радуваме за тоа што тоа сакате да го дознаете директно од нас, а не преку трети.

 

Универзален живот

Универзален живот e универзалната животна струја, која излегува од вечниот Татко, и за која Исус од Назарет поучуваше и како пример за нас ја живееше.
Универзалната животна струја е сеопфатниот Закон на Животот на Небесата. Од универзалната животна струја дојде Синот Божји кај нас луѓето. Тој беше Божји пророк, Божји, обзнанувач на Својот Татко, онака како и сите пророци кои доаѓаа пред Него и по Него. Неговиот земски живот, Неговото „Извршено е“ е Неговиот чин на Искупението и клучот од Небесното царство, кое Исус, Христос, го отклучи за сите луѓе и души.
Исус од Назарет на крстот стана победник и со тоа Искупител на сите луѓе и души. Со Својата внатрешна јачина и со Својата верност спрема Бога, Својот небесен Татко, Тој ја победи желбата и волјата на демоните да го растворат Божјото Создавање, Сепостоењето. Тој е Христос Божји, кој од небесниот Татко дојде кај нас луѓето и за нас стана човек.

Исус од Назарет беше човек на народот. Тој беше искрен, чесен и во сè оддаден спрема Бога. Својот небесен Татко Тој Го славеше во сите свои зборови и поуки. Исус од Назарет нè поучи нас луѓето во сите фасети на Животот за  примената на Десетте Божји Заповеди и Својата Беседа на Гората. Она за кое поучуваше, тоа Тој и го живееше.
Исус од Назарет ни го приближи нам луѓето Царството Божјо.
Тој поучуваше за мирот, за љубовта спрема Бога и спрема ближниот, и за молењето во тивка собичка.
Во Исус од Назарет дејствуваше Слободниот Дух, кого Тој сакаше да ни Го приближи и нам луѓето.
Тој беше против цркви од камен, против свештеници, фарисеи и писмопознавачи.
Тој беше против догми и ритуали, против црковни прописи и секакви присили, против вечна проколнетост, против надворешна раскош и лично богатство.
Исус од Назарет беше пацифист. Тој беше против насилство, против оружје, против војна, против братоубиство и, како што знаеме преку Пророчката реч, и против убиство на животни.
Бидејќи Исус од Назарет беше против секаков вид врзување и насилство, Тој беше од фарисеите, писмопознавачите и свештениците жигосуван како секташ.
Според Неговиот живот и дејствувањесе разви прахристијанството и прахристијанската струја, на која ú припаѓаме и ние прахристијаните.

Кои сме, значи, ние?

Кои сме ние, имено? Ние сме слободни луѓе и не ú припаѓаме на ниту една црковна институција, на ниту една надворешна религија. Ние Му припаѓаме на Едниот, кој нè поучи: „Следете Ме Мене!“
За тогашните фарисеи, писмопознавачи и свештеници Исус беше секташ. Според стојалиштето на денешната црковна институција и на оние кои ја обожуваат, и ние како следбеници на Исус од Назарет сме секташи, значи една секта.
Доколку вие дувате во истиот рог на денешните свештеници, фарисеи и писмопознавачи, ние нема да ве спречиме во тоа, бидејќи во материјалниот космос секој си е ковач на својата среќа.
Ако некој мисли дека сме премногу надмени, за ова би сакале да го кажеме следново, како прво: Кој сака да Го следи Исус од Назарет, тој мора да се бори самиот со себе; оти, кој веќе е без грешки?
Како второ: Таканаречениот „свети“ Павле, кого црковните институции го чествуваат и кому му се молат, ги подучи неговите верници: „Не лажете се. Бог не допушта да се подбива со Него. Што човек сее, тоа ќе жнее.“

Прахристијанството – Прахристијанската струја, духовниот темел

Универзален живот е исправен за светската прахристијанска струја. Прахристијаните во следбеништвото на Исус од Назарет, на слободниот космички Дух, следбеници на Назареецот, се за толеранција, отвореност, чесност, искреност, слобода и вистинитост.
Опфатното духовно богатство, кое од пред 40 години дојде во овој свет преку пророчицата и гласничка Божја, Габриеле – со граѓанско име Габриеле Витек – се приклучува на прахристијанството, врз темелот на Десетте Божји Заповеди и на Беседата на Гората од Исус од Назарет.
Како што веќе е речено: Исус од Назарет не основа никаква надворешна религија, како што тоа, во смисла на нив, се претставува од институциите.Тој со полномоштво Го застапуваше живиот, слободниот Дух, чиј универзален, вечен закон е љубов и слобода.

Универзалниот, слободниот Дух

Универзалниот, слободниот Дух на љубов и слобода Го следиме ние прахристијаните, во Него живееме и во Неговиот Дух дејствуваме. Бидејќи е тоа така, ние не мисионираме. Ние не се правдаме, меѓутоа поправаме кога се изнесува погрешно.
Божествено-духовното богатство, што му е дадено на човештвото преку божествено-пророчката Реч, ние не сакаме да ја презентираме на Интернет поради тоа што таму честопати се развива една борба на за и против.
За жал, Интернетот е до таа мера изроден што во многу случаи може да се говори за бојно поле.
Следбениците во Слободниот Дух на Исус од Назарет не сакаат да се упатат во една таква територија, каде што преку говорење и противговорење се развиваат клевета, омраза и оцрнување. Секој може да прави како што си сака.
Според заповедта за порамнување ќе победи праведноста.

Разјаснување за злоупотребата на името Христос

Исус од Назарет не беше душкало, Тој објаснуваше „со полномоштво, а не како писмопознавачите“, како што се вели и во преданијата.
Прахристијаните, следбениците на Исус од Назарет, се застапуваат за она што Тој го поучуваше и како пример за нас го живееше.
Тој поучуваше за Божја и ближна љубов спрема човек, природа и животни.
Тој не поучуваше ниту за производство на оружја, ниту за водење војни.
Бидејќи ние прахристијаните разјаснуваме за злоупотребата на името Христос и го шириме Неговото учење, честопати - претежно од страна на црковните институции – сме маргинализирани како секташи. Ние нема да се спротивставуваме на децениските кампањи со клевети.

 

Мислења и клевети

Драги ближни, многу коментари коишто можеби вие ќе ги најдете на Интернет за духовната струја на прахристијанскиот живот, не им соодветствуваат на фактите.
Кој намерно шири лажни информации, сè до погрдни зборови и пцости, и кој сака да верува во такви антихристијански клевети, тој е слободен да го прави тоа.
Ние прахристијаните градиме врз непристрасната способност за просудување на сите оние кои уште се во состојба самостојно да мислат, да преиспитуваат и да одвагнуваат.

Се чудите за зборот ,антихрист,?
Кој е антихристот? Оној кој само се нарекува христијанин, а учењето од Исус од Назарет за постепено исполнување на Десетте Божји Заповеди и на Беседата на Гората го извртува во спротивност.
На крајот остануваат плодовите – помалку добри, добри, или лоши плодови.

Резиме

Исус од Назарет беше од фарисеите, свештениците и писмопознавачите погрдно означен како секташ. Зошто нам прахристијаните, кои Го следиме Него, да нè снајде поинакво?
Во Слободниот Дух, кого Го следиме ние прахристијаните, не стои заповед да се закожурчиме.  Заповедта за ближна љубов го исклучува вреднувањето на оние кои мислат поинаку, исто така и во поглед на религија, боја на кожа, пол, потекло, или слично.

Каде можете добро да се информирате за духовното богатство?

Ние ја препорачуваме ТВ-емисијата „Светската прахристијанска струја – прахристијаните кои Го следат Исус од Назарет, слободниот, космичкиот Дух“, која преку многу емитувачи се емитува во светот. Освен тоа, има и натамошни емисии на оваа тема.
Информирајте се преку Radio Santec за тоа на кои фреквенции можат тие продукции да се примат на вашиот јазик и во вашата земја.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Здравство

И здравството во Универзален живот исто така се повикува на учењето од Исус од Назарет. Тој исцелуваше и на исцелените им велеше: „Твојата вера ти помогна. Оди и не греши веќе натаму.“ Тоа за нас значи: Ако ги очистиме своите гревови, имено ако се покаеме, надоместиме и истите гревови веќе не ги правиме, тогаш ни дотечува засилено исцелителската сила на Внатрешниот лекар и исцелител Христос. И ако е тоа добро за душата, тогаш може преку тоа и телото да доживее олеснување и исцелување.

Укажувања за приредби:
Исцелителски медитации од Габриеле
Секој понеделник до петок од 15 – 19 часот
Сабота и недела 10 – 16 часот
во тивката собичка
Max-Braun-Str. 2, Marktheidenfeld/Altfeld


Прахристијанско верско изцелување
Вистинско духовно исцелување. Како и кај Исус од Назарет, за во себе да се активираат силите на самоисцелување преку Духот на Христос Божји.
Секој петок од 19:45 часот
и секоја недела од 10:00 часот, во Салата на палмите
Max-Braun-Str. 2, Marktheidenfeld/Altfeld


Повикување на органите на своето тело.
Дајте им храна: Ословување на органи од Духот Божји
Секој петок 19:45 – 20:45 часот во Салата на палмите


Далечинска молитва за здравје за вас
Секој вторник 19:30 – 20:00 часот
Луѓе молат за своите солуѓе
Молете и вие со нас!