![]() |
УНИВЕРЗАЛЕН
ЖИВОТ Места на средби на прахристијаните |
Луѓето кои го бараат Бога, слободните христијани се собираат ширум светот на многу места за средби на прахристијаните. Тие се среќаваат без церемонии и ритуали, без догми и свештеници, слободни во Духот на Христ Божји. Исус од Назарет не ги именуваше свештениците, ниту нас луѓето не водеше во раскошни храмови од камења. Тој не поучуваше дека Бог престојува во најдлабоката внатрешност на секој човек. Тој нам ни заповеда да Го следиме. Христ Божји во нас е клуч од вратата на животот.
Денес, ширум светот луѓето кои Го бараат Бога се собираат во едноставни простории како прахристијаните пред 2000 години, за денес повторно да ги слушаат космичките поуки на Исус од Назарет објавени со пророштвото, и за нив да разменат искуство. Во практичната космичка животна школа тие добиваат помош за секојдневието во духот на Говорот на Гората. Тие, исто така, заедно молат и пеат.
Не постои членство. Трагачите по Бога се добродојдени во космичката животна школа, сеедно на која религија, конфесија и поглед на свет припаѓаат. Тие се слободни да дојдат и отидат, како сакаат.
Во рамките на тие средби, во правилни растојанија постои и:
Космичката школа на животот - Средбите на трагачите по Бога во местата на прахристијанско среќавање се одржува секоја недела во 9,30 часот. Космичката школа на животот - Состанокот на сите трагачи по Бога се пренесува од Вирцбург скоро во сите поголеми градови во Германија, Австрија и Швајцарија и во многу градови ширум светот на сите континенти. Секое место на прахристијаните може да се вклучи во отворен разговор.
| Скопје, ул. „Теодосие Гологанов" бр. 130, фабрика „Треска", соба бр.6 |
Секоја вечер во вторник меѓу 19,30 и 21 часот СЕВ (средно-европско време) можат на прахристијаните да им се поставуваат телефонски ОПШТИ ПРАШАЊА и/или ПРАШАЊА ЗА ВНАТРЕШНИОТ ПАТ . Бројот на телефонот гласи: 0049 (0) 931/39030. Одговор може да добиете на хрватски или на сите светски јазици.
Кој тражи совет и духовна помош за актуелните животни прашања, може да ги добие на истиот ден и во исто време на телефонскиот број 0049 (0)931 /3903 210. Кој не сака да разговара за личните проблеми, нему му е дадена можност за разговор за она што ќе му донесе конструктивни поттици за секојдневието. Дадена му е можност за слушање на „Духовна помош за денот" - наутро, на пладне и навечер и тоа на германски јазик. Бројот на телефонот е: 0049 (0)931/3903 200.
Секоја последна сабота во месецот во 17 часот можете да ја слушате емисијата "Внатрешен пат" преку радиостаницата КАНАЛ 77.
Секој вторник навечер од 19.30 до 20.00 часот по СЕВ и во сабота од 19.30 до 20.00 часот по СЕВ можете да не слушате преку радио апаратите на германски јазик и тоа на фрекфенција на средни бранови од 1386 кНz.
Од 5.10.1998 год. секој понеделник од 23.30 часот можете да ги слушате емисиите "Внатрешен пат" на српски/ хрватски јазик на средна бранова должина од 1321 кНz.
Можете да ги слушате и следните радио емисии на прахристијаните во Универзален живот на хрватски, српски, германски, англиски, француски, шпански, чешки.
[
Homepage ] [ Универзален живот ] [ Места на средби на прахристијаните ] [ Попис на книги и касети ] [ Внатрешен пат ][an error occurred while processing this directive]