Univerzalen zivot - Hrist, kluc od vratata na zivotot УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ
Што е Внатрешен пат?

Внатрешниот пат - патека со седум скали кон Бога.

Бог е слобода. Слободата - слободната волја - на Своите деца им ја дарувал Таткото - Мајка - Бог, Прататкото.Како камен за искушвање на слободната волја Бог ги допуштал постапките против божествениот универзален Закон.Неколку духовни битија не сакале несебично да служат и така паднале.Дошло до пад на еден дел од духовните битија, а во продолжение до стварање на Падот, со Земјата како место со најјака згуснатост.

Водењето назад на паднатите битија, меѓутоа, одлучено е со Божјиот план. Христовиот откупителски чин ни донесе на секој од нас сила за обраќање и враќање.

Одењето и враќањето дома на изгубениот син е симбол за патот на човештвото. Секој човек и секоја душа еднаш ќе се врати - како духовно битие - во вечната Татковина, во чистото постоење.Една споредба може да го појасни тоа:

Ние знаеме дека водената капка се одвојува од морето. Таа као пареа се издигнува, паѓа како дожд на земјата, тече во многу реки, потоци и езера и на крајот се влева повторно во својот извор: во морето на сеединството.

На сличен начин и духовното битие превзема патувања од крилото на божеството во материјата. Духовното битие излегува од крилото Божје во инкарнација, бидува обвиткано од чистилишните сфери и нивните вибрации и затоа е наречено душа. Ако се оптовари таа на своето патување кон земјата, тогаш таа постојано ќе се враќа се додека не се приближи кон својата животна цел, божественоста. Тогаш очистеното духовно тело повторно се враќа кон својот извор на живот, Бог.

Душата на човекот може да се спореди со куќа која има седум станови од кои во највнатрешниот живее самиот Божји Дух. Исус од Назарет рекол по смисла: „Вие сте храм на Светиот Дух. Кралството небеско е внатре во вас". Внатрешниот пат е постепено чистење на внатрешниот храм со што повторно се воспоставува редот на храмот. Седумте сили на душата се внатрешните небеса кои мора да се откријат. Во Јовановото Откровение се наоѓа реченицата: „ И видов во десната рака на оној кој седеше на престолот, книга, однатре испишана, однадвор запечатена со седум печати" (Откр. 5,1).

Книгата на животот е нашата душа. Во таа книга се наоѓа нашата актива и пасива: нашите добри и лоши мисли, зборови и дела. Оти : Секоја мисла, секој збор е енергија. Во целиот универзум енергијата не се губи. Се е забележано во душата и во соѕвездијата. Секое оптоварување, сите наши човечки осети, мисли, зборови и постапки остануваат меморирани толку долго додека не тргнеме по патот на чистењето. Тогаш ја будиме во себе откупителската сила која се решава и лечи и допуштаме таа да не води. Оти Христ е клуч од вратата на животот. На патеката кон Бога мора да научиме исправно да го употребуваме клучот на Духот за да би можеле да ја отклучиме вратата на Божјото Светиште.

Мораме да ја пробиеме тврдата лушпа на своето човечко јас со помош на духовната сила во нас, за да го извлечеме богатството на животот: Бог, вечната сила, љубов и мудрост. Кога ќе се фатиме за тоа богатство зависи од нашата спремност на жртва и од јачината на нашиот копнеж.. Без сериозна желба да одложиме се човечко, малку ќе постигнеме. За да се приближиме до Бога, одлучувачка е, меѓутоа, љубовта кон Него.

Контрола на мислите

Суштината на духовното школување е контрола и управување на нашите осети и мисли. Постојано мораме да се бориме со своето човечко за божественото во нас да може да се зголеми и развие. Така постепено стануваме слободни од очекувања и врзувања за нашите ближни. Душата го вдишува и осетува Божјото пријателство во себе. Ако направиме така неколку чекори на Внатрешниот пат, тогаш благодарно го предаваме понатаму на своите ближни она што сме го примиле во внатрешноста: топлина, сигурност, јачина, утеха, несебична љубов.

Прахристијанско отворање на свеста

Внатрешниот пат кон Бога, патеката со седум скали, што се учи во Универтален живот почнува со два курса на прахристијанско отворање на свеста.

Прахристијанското отворање на свеста, низ првиот курс го води ученикот во неговата внатрешност и му помага се повеќе и повеќе да го насочува своето мислење и живот кон Бога и Христ. Во вториот курс се ословуваат внимателно седумте центри на свеста во човекот и така се активираат самоисцелителските сили во душата и телото. Со овие медитативни вежби човекот постигнува жив однос кон своето тело. При тоа не постојат ни телесни ни духовни сензации.

"Моето потекло е Духот"

Зборовите од медитациските текстови се на пример: „ Моето потекло е Духот", „Мојот живот е од Бога и му припаѓа на Бога", „Тоа што го чинам, го чинам свесно", „Јас сум сериозен, јас сум љубезен, јас сум слободен". Овие зборови се вистина, бидејќи сето тоа е во моето битие. Јас ги потврдувам тие аспекти во себе и истовремено се трудам сериозно да ги остварам во својот живот. Бидејќи остварувањето во секојдневието е најважно.

Духовниот кружен тек е тековниот Божји Закон во човекот. Нашата свест не се проширува со техники. Единствено со живот според божествените Закони можно е чистење и отворање на центрите на свест. За таа интензивна работа врз себе самиот, прахристијанското отворање на свеста е припрема и помош.

Од самоспознавање до спознавање на Бога

За враќање во вечното Небо потребно е знаење, исполнување на седумте основни скали од божествениот Закон: Ред, Волја, Мудрост, Сериозност, Стрпливост, Љубов и Милосрдие. Овие седум основни скали се скали на Законот, скалестиот пат од самоспознавање до спознавање на Бога. Тоа се „скалите на Јаков". Ако патникот во поголема мерка ги отвори првите четири скали, тогаш го напушта тркалото на повторно раѓање.

Задачите на поедините степени можат кратко да се скицираат во следните црти:

1. Степен на Ред

Среди го својот живот. Контролирај ги своите мисли и зборови. Не зборувај никогаш негативно за својот ближен. Тоа што твојот ближен го зборува и прави се однесува само на Бог и Неговото дете. Зборувај го битното. Пред да постапиш повлечи се и прашај: Дали е постапката добра? Вимавај на ритамот на своето тело и движи се складно. Контролирај ги своите сетила и насочувај се се повеќе во внатрешното.

2. Степен на Волја

На степенот на Волјата добро е да се препознае Божјата волја и да се раздвои од самоволието. Самоволие е сакање да се биде, да се има и поседува. Каде ќе ја најдам Божјата Волја? Во својата совест, во Десетте Заповеди, Во Говорот на Гората, во задачите и упатствата на Внатрешниот пат, кои нам ни ги објави Духот на Христ Божји. Ученикот се упатува да ја обработи својата потсвест во која се складирани човечките претстави и желби или комплекси. Тој учи и на концентрација: Поврзување и насочување на душевните сили кон една цел. Принципот гласи: Тоа што го правиш, прави го потполно. Живеј свесно во мигот.

3. Степен на Мудрост

Мудроста Божја е дело. Интелектот, разумското знаење не е божествена мудрост. Духовното знаење единствено со остварување станува мудрост. Ученикот учи да препознае што му треба на ближниот и му дава од своето остварено искуство, ако тој тоа го сака. Патникот сега претежно живее од внатре. Тој повеќе не е оној кој бара. Тој има внатрешен мир.

4. Степен на Сериозност

На степенот на Сериозност ученикот се ослободува од сеуште постоечките наврзаности на законот за причина и последица. До четвртиот степен водењето се одвива преку упатствата на пророчкиот Дух. На четвртиот степен Христовиот Дух го превзема внатрешното водење во човекот. Патникот и сам станал несебичен, тој е служител на човештвото. Секој страв отпаѓа од него.

За децата и младината патот во внатрешноста се дава во облик на текстови за читање, кои содржат поуки, игри, примери и приказни. Нив ги објави Лиобани, ангелот учител од чистите Небеса.

Патот во внатрешноста кој сега се учи во Универзален живот во поедините степени е единствен во историјата на христијанството. Духот на Христ Божји го објави сега во Универзален живот спрема Исусовото навестување „ Јас имам уште многу да ви кажам ..." (Јов. 16,12) преку Својата пророчица, нашата сестра Габриела. Делови од патот кон внатрешноста се познати и во христијанската мистика, но никаде не постоел Внатрешниот пат во сите степени и подробности и во мноштвото на духовни вежби во тек на кои систематски се развива духовната свест на човекот. Стапувањето на овој Внатрешен пат се случува за време на дневната работа, на работното место, во фамилијата, значи, без повлекување на човакот од секојдневните задачи. Во тоа е посебната важност на учебникот за Внатрешниот пат, кој сега е достапен на човештвото на многу јазици.

Внатрешниот пат, патеката со седум скали, според структурата на душата е еднаков за секој човек. Патиштата кон целта за секого се различни. Сите реки течат во едно море, секоја на свој начин. Спасот за еден човек не се наоѓа во црквата, во сектата, во погледот на свет. Тој - во таа смисла - не може да се најде ниту во Универзален живот. Секој може да го најде единствено во својата сопствена внатрешност - бидејќи Духот Христов престојува во секој од нас. Затоа стои Неговата Реч: „Никој нема да дојде кај Таткото, освен преку Мене".

Апсолутен е единствено Бог

Водењето по патот, следењето на патеката со седум скали се нуди на секој кој тоа го сака, преку Духот на Христ Божји, пророчкиот Дух во Универзален живот.

Кој озбилно оди на тој пат во внатрешноста, се ослободува од тркалото на повторно раѓање и се враќа во своето вистинско битие: син, ќерка, Божја слика и прилика на Пра-Таткото.

Никој во Универзален живот не полага право на апсолутност. Апсолутен е единствено Бог.


[ Homepage ] [ Универзален живот ] [ Места на средби на прахристијаните ] [ Попис на книги и касети ] [ Внатрешен пат ]
[ Контакт адреси ] [ Радио емисии ]
[ Кој е пророкот ] [ Бесплатен материјал ]  [ International Homepage ] [ Пошта ]


Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. Фах 892, 91000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 091/111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]