Univerzalen zivot - Hrist, kluc od vratata na zivotot УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ
Што е Универзален живот?

Што е Универзален живот? ХРИСТ повторно поучува во и преку Универзален живот за принципите на еднаквост, единство, слобода, братство и праведност.

УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ е христијанско движење распространето ширум светот втемелено на објавите од Христовиот Божји Дух кои денес му се даваат на човештвото по пат на пророчката Реч преку Габриела од Вирцбург. Овие објави ги објаснуваат божествените Закони на животот и основните духовни принципи кои се позадина на животните прашања како што се: реинкарнација, живот после смртта, здравјето и болеста, човекот и космосот и многу, многу повеќе.

ВО УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ Духот го поучува Внатрешниот пат кон Бога во највнатрешното битие на секоја личност, патот на самоспознавање и секојдневната примена на божествените Закони во Десетте Заповеди и Говорот на Гората. Чекор по чекор ние сме поучувани како да работиме со божествените Закони и да водиме позитивни, плодни животи, почнувајќи од внатрешното, од внатрешното битие на секоја личност. Менувајќи се себе кон позитивното, кон исполнување на зборовите на Исус од Назарет кој рекол, „...станете совршени како што е совршен вашиот Татко на Небото", ова позитивно внатрешно битие потоа има свое влијание на надворешноста. Стануваме поздрави, посреќни, себе се разбираме подобро, а низ тоа учиме подобро да го разбереме и својот ближен. Од ова разбирање расте добрата волја, толеранцијата и мирољубивата коегзистенција заснована на взаемната слобода и разбирање. Така, преку ВНАТРЕШНИОТ ПАТ кој почнува преку курсот на прахристијанското отворање на свеста, секоја личност со добра волја може да го најде патот кон божественото сопство, до единството со Христ.

Во Местата на собирање на прахристијаните, луѓето од сите религии и идеологии се собираат заедно да молат и да ги слушаат Христовите објави. Во УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ може да се најдат слободни христијани по традицијата на раното христијанство - без членство, ритуали, церемонии или свештеници. Прахристијаните секојдневно ги практикуваат Божјите Заповеди во сите животни сфери: во фамилијата, на работа, во работните и општествените контакти, во градинките и школите, во здравствените , медицинските и социјалните установи, во земјоделието и т.н.

УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ може подобро да се запознае преку книги, касети и видео касети објавени во Универзален живот, преку весникот „Христова држава / Белиот коњ" или со слушање на нашите радио програми кои се пренесуваат ширум светот.


[ Homepage ] [ Универзален живот ] [ Места на средби на прахристијаните ] [ Попис на книги и касети ] [ Внатрешен пат ]
[ Контакт адреси ] [ Радио емисии ]
[ Кој е пророкот ] [ Бесплатен материјал ]  [ International Homepage ] [ Пошта ]


Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. Фах 892, 91000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 091/111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]