Univerzalen zivot - Hrist, kluc od vratata na zivotot УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ
Кој е пророкот?

Кој е пророкот?

Толку е лесно да се изговори зборот пророк кој се употребува во многу контексти. Сепак, малкумина знаат што опфаќа мисијата на пророкот.

Божјиот повик во времето кое Тој го одредува е да ги потсети мажот или жената во нивниот живот на оваа земја, на задачата која еднаш ја превзеле. Земната задача, мисијата да се служи на Господ и своите ближни како Божји пророк е врежана во душата. Задачата ја превзело чистото духовно битие на Небесата од љубов кон Бога, кој е Закон, кој е Љубов. Така, со својата слободна волја, еден ангел решил да се спушти во нивоата на законот кој го створил падот, да стане човечко битие и ја изврши мисијата. Додека мисијата не се исполни, ветувањето ќе остане во духовното тело на тој гласник на светлината.

За пророкот кој се спрема, неговата мисија станува дел од неотповикливиот божествен Закон. Пророкот не може да биде ослободен од (својата) одговорност да ја исполни својата мисија. Чистото духовно битие ќе го напушти кралството на хармонија, мир и совршенство, па со своја одлука не само што ќе отиде таму каде постои ограничување, недостаток на слобода и мир, туку и ќе нурне во нашата темнина и ќе се соочи со сите наши човечки недостатоци. Во својот живот како пророк ќе мора да носи додатни оптоварувања.

Ако душата, која со падот се спуштила, постигне повисок духовен развој за време на животот на земјата, напуштајќи го човечкото тело таа може да се издигне во повисоки, посветли духовни светови. Товарот од вината од која се ослободила, оковот од човечките слабости кој е совладан повеќе не ја притиска ниту држи. Душата доаѓа поблиску до Бога, својот Татко, и може повторно послободно да дише.

Но, душата чија задача е да биде пророк, за својата висока мисија е припремана низ неколку инкарнации. Таа мора да помине низ многу патила за покасно да може да ги разбере своите браќа и сестри во нивниот живот на земјата, за да се чувствува блиска со луѓето, како човечко битие, за да може да им помогне и ги посоветува. Мора да проживее низа од човечки ситуации и наспроти се таа душа мора повторно да се инкарнира заради мисијата која еднаш ја превзела.

Кога во еден од животите на земјата, мисијата да служи како пророчки инструмент на Господ се издигне, човекот или жената сфаќаат дека во времето на превземање на задачата ја подложиле својата волја на волјата Божја.

Сите ние имаме слободна волја. Во секој миг можеме да решиме да постапиме на еден или друг начин. Ако денес не сме спремни да ја исполниме Божјата волја, тогаш не мораме да ја окајуваме нашата слободна одлука од еден на ден. Бог секогаш ја почитува нашата слободна волја. Тој никогаш не не присилува на ништо.

Постои исклучок само за пророците. Пророкот делува во името на Бога. Тој не може како ние останатите да се правда дека има слободна волја. Мисијата која неговата душа ја превзела мора да биде завршена. Тоа е Закон.

Духовното битие кое е едно со Законот го живее Законот.Така, духовното битие во пророкот живее во потполно потврдување на Законот. Тоа знае за мисијата и сака да ја изврши.

Човечкото битие, меѓутоа, не знае ништо за својата мисија до часот додека Бог не го повика.Бог сам одлучува кога тој повик ќе дојде.

Меѓутоа од мигот кога Бог ќе го повика човекот или жената, тој или таа ќе бидат доведени потполно под јаремот на пророчката мисија. Бог ќе ја положи сопствената рака на пророкот и ќе го насочува според Својата волја.

За вистинскиот пророк не постои враќање.Тој е постојано под притисокот на Духот, така да може да го спроведе она што духовното битие го донело во својата инкарнација.

Во ова време, нашето сегашно време на оваа Земја, време на големи промени, Бог го повика новиот пророк, пророк учител, да не води поблизу до Духот на Вистината и спознавањето на Бога во нас.И така тој пророк, Габриела од Вирцбург - Германија, го извршува она што Христ го објавил во Јован 16,12 - 14: „Имам уште многу да ви кажам, но вие тоа сега не сте во состојба да го носите. Меѓутоа, кога ќе дојде Духот на Вистината, тој ќе ве води во вистината, бидејќи нема да зборува од сопствените импулси, туку ќе го зборува она што го слуша и ќе ви го објави она што доаѓа.Тој Мене ќе Ме прослави бидејќи ќе прима од Моето и тоа ќе ви го објави вам."

Габриела за себе вели дека никогаш не размислувала дека ќе стане Господова пророчица. „ Само почнав да го сакам Бог од целото срце, штом сфатив дека Божјиот Дух живее во секое човечко битие и исто така и во мене и дека сум храм на тој Дух."

Како ја развивала љубовта кон ближниот, така во неа растела и љубовта кон Бога. Кога Го искусила Него, големиот Дух во своето срце, знаела: „Тоа не е ништо друго освен чиста божествена сила. Ништо друго не може да го направи толку среќно човечкото битие, вели таа.Ништо друго не може да го обвитка човечкото битие така потполно. Ништо друго не може да го направи човечкото битие толку слободно - освен Бог Самиот."

Вистина е дека во својата мисија како пророк морала да носи тежок товар, но, пророкот не е никогаш напуштен, Бог е секогаш покрај него или неа. За Габриела, Божјиот Дух не е само саканиот Татко, туку, исто така, нејзиниот најдобар пријател, советник и водач: Тој е Животот и Законот.

Тоа не се однесува само на пророкот туку и на секое човечко битие, меѓутоа, многу луѓе тоа не го сфаќаат.


[ Homepage ] [ Универзален живот ] [ Места на средби на прахристијаните ] [ Попис на книги и касети ] [ Внатрешен пат ]
[ Контакт адреси ] [ Радио емисии ]
[ Кој е пророкот ] [ Бесплатен материјал ]  [ International Homepage ] [ Пошта ]


Universelles Leben e.V., P.O.Box 5643, D-97006 Wurzburg, Germany
телефонски број во Германија
: (+49) 931-3903-0 , Fax: (+49) 931-3903-233
Универзален живот , пошт. Фах 892, 91000 Скопје, Република Македонија
телефонски број во Македонија: 091/111-043
email: info@universelles-leben.org

[an error occurred while processing this directive]